Формула 1 го доби најмладиот шампион во историјата!

Италијанскиот возач Кими Антонели е нов шампион во Формула 1 и тоа влезе во книгата на рекорди како најмладиот на кого му успеало да го освои шампионскиот пехар. Со само 20 години Италијанецот сезонава беше убедливо побрз од сите свои поискусни колеги, а шампион стана на четири трки пред крајот.

На трката за Големата награда на Мексико целото внимание беше свртено кон младиот Андреа Кими Антонели кој беше на чекор од титулата и му требаше макар 5 бода да стигне до неа.

Антонели заврши на трето место на трката во Мексико, стигна до шампионската титула и го надмина рекордот на Себастијан Фетел од 2010-та година кој со само 23 години стана првак.

Антонели со 20 години стана 36-ти шампион во историјата на Формула 1 а на Италија ѝ ја донесе четвртата шампионска титула.

Макс Ферстапен заврши како прв во Мексико, Луис Хамилтон беше втор, а Антонели како трет освои доволно бодови за да го освои пехарот. Притоа стана прв Италијанец уште од 1953-та година и Алберто Аскари кој станал Формула шампион.

Имено трката во Мексико два пати се оддолжуваше поради два инциденти од кои првиот беше посериозен. Во текот на 45-от круг Валтери Ботас се заби во заштитната ограда и прекинот траеше половина час. Само што продолжи трката, се случи втор дуел меѓу Оскар Пјастри и Арвид Линдблад кој исто така излета од патеката и предизвика и направи општ метеж па возилата за безбедност мораа пак на патеката.

На крајот Антонели трет мина низ целта и заслужено ја освои шампионската титула по неверојатната сезона.
 

2 ноември 2026 - 08:51