Времето сојузник на Гранит во дуелот со ФАКОМ

Во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија Гранит со тесна победа го совлада ФАКОМ, а ЕЛЕМ и МЕПСО беа подобри од Систина и ХАЛБАНК.

Времето сојузник на Гранит во дуелот со ФАКОМ

Гранит 5-4 (2-1) ФАКОМ
Гранит: Пепи Мицев 2’, 16’, 30’, Дарко Стојановски 21’ 26’
ФАКОМ: Бојан Симоновиќ 4’, Кире Блажевски 28’, Шенол Аџировски 34’, Боро Мисердовски 40’

Екипата на Гранит добро го отвори натпреварот во дуелот со ФАКОМ постигнувајќи гол уште во раната фаза, со што овозможи  да се развие доста офанзивен фудбал во кој ФАКОМ не успеа да реализира неколку изгледни шанси за гол, што на Гранит му појде од рака, па на полувремето отиде со предност од 2-1. Во второто полувреме Гранит на самиот почеток го задржа истиот ритам и направи солидна предност со таквата игра, се до моментот кога ФАКОМ внесе во своите редови голман-играч, што им вроди со плод за потполно да се вратат во натпреварот. Но се чини беше прекасно, бидејќи времето беше сојузник на Гранит кој го доби овој натпревар со 5-4.

ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Систина

ЕЛЕМ 6-2 (2-2) Систина
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 6’, Петко Бушески 14’, Влатко Петровски 24’, 27’, 34’, Димче Димитријески 37’
Систина: Даниел Боневски 11’, Горан Манов 15’

Екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Систина на самиот старт влезе со голман-играч Антонио Ничевски, кој успеаа да го претворат во гол во 7’ од натпреварот. Но само по неколку минути игра Систина преку Даниел Боневски успеа да го израмни резултатот. Во понатамошниот дел од полувремето се играше израмнето, падна по еден гол и на двете страни и со нерешен резултат од 2-2 се отиде на полувремето. Во второто полувреме кај ЕЛЕМ проработе Влатко Петровски, кој со 3 последователни погодоци го доведе ЕЛЕМ во предност од 3 гола. Систина имаше обид да се врати во натпреварот со голман-играч, но ни тоа не и појде од рака, па го загуби овој натпревар со 6-2.

МЕПСО со ново лице до победа над ХАЛКБАНК

МЕПСО 7-4 (1-1) ХАЛКБАНК
МЕПСО: Христијан Михајловски 20’, 31’, 37’, Виктор Петревски 23’, 26’, Диме Рошковски 24’, Далибор Христов 40’
ХАЛКБАНК: Мартин Дамески 19’, 31’, 35’, Игор Стојановски 34’

МЕПСО и ХАЛКБАНК прикажаа исклучително брз фудбал со атрактивни потези и проигрувања кои им овозможуваше да играат доста отворен напад. Во текот на целото полувреме имаше изгледни шанси за гол, но првиот гол падна касно, дури во 19’ преку Мартин Дамески (ХАЛКБАНК). МЕПСО веднаш одговори преку Христијан Михајловски, па на полувремето се отиде нерешено со 1-1. Во второто полувреме доста поефикасна игра и на двете страни. Екипата на МЕПСО стекна предност 3 погодоци, но ХАЛКБАНК со голман-играч успеа да ја анулира предноста и фати резултатски приклучок. Но МЕПСО ги консолидираше своите редови и не дозволи изненадување, па го доби овој натпревар со 7-4.

7 октомври 2015 - 10:28