Изненадување од Аеродром: МЗТ Скопје го отпушти Васко Атанасов
30 October 2026
- Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром објави дека ја заврши соработката со досегашниот тренер Васко Атанасов. Оваа одлука доаѓа по серијата порази, од кои последниот од Струмица во Суперлигата на Македонија
- Клубот соопшти дека соработката е раскината спогодбено со договор на двете страни. Од МЗТ му се заблагодарија на Атанасов за сработеното во клубот.
-
Васко Атанасов беше на чело на „штрковите“ од 2023 година кога седна на клупата и со доста успех го водеше тимот. Тој стана најмладиот стратег кој го освои пехарот во македонската кошарка, четири пати беше национален првак, а освои и по три Куп и Суперкуп-трофеи.