Полицијата во Барселона го нашла навивачот кој со знаме удри играч на Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид, оние на теренот и оние од клупата гушнати пред навивачката трибина на Барса го славеа победничкиот гол на Килијан Мбапе во финишот од големото Ел Класико (1-2). Од страна на навивачите долетаа разни предмети а еден навивач на Барса со мотката од големото знаме го удрил неколку пати во глава Едуардо Камавинга кој во тој момент се најде најблизу до нив.

Ла Лига отвори истрага за случајот во дисциплинска комисија, а сега АС соопштува дека полицијата во соработка со управата на Барселона се обидела и го пронашла сторителот кој го удирал Камавинга. Против него е покренато обвинение во согласност со Законот за спорт. Соопштуваат дека му се заканува казна и до 60.000 евра, забрана за посета на спортски настани од 2 до 5 години. 

29 октомври 2026 - 15:25