Како Баерн го донел Компани: „Легнав кај него дома на кауч и му реков не си одам додека не потпишеш“

Во Баерн Минхен се е на идеално ниво - Баварците се први во Бундеслига, со ист број бодови како Борусија Дортмунд, во Купот одат понатаму, добро им оди во Лига на шампиони а Хари Кејн ја доби наградата „Златна Топка“ за најдобар фудбалер на светот минатата сезона. Големи заслуги за тоа носи 53-годишниот спортски директор на Баерн Минхен, харизматичниот Макс Еберл.

Бескомпромисен кога во прашање се важни теми на трансфер пазарот - така се гледа себеси Макс Еберл кој во интервју за магазинот на ФК Баерн Минхен „51“ вели дека е уверен дека и помал играчки кадар може да биде ефикасен, раскажува и разни анегдоти.

Господине Еберл, кога во 2008-ма станавте спортски директор на познатата Борусија Менхенгладбах, сте ги замолиле најдобрите другари да ви удрат една заушка ако некогаш почнете „да го кревате носот“. Дали некогаш мораа да го сторат тоа?

„Велат дека човекот во животот има малку прави пријатели - но јас имам среќа да имам четворица и за среќа ретко мораа да ми удираат заушки, напротив, некогаш од сосема спротивни причини. Понекогаш знаат да ми речат: 'Еј што не си горд на тоа што си го постигнал'? Јас сум склон да ги смалувам моите успеси. Повеќе сакам да се прашам што можам да направам подобро. Бескомпромисен сум во работата, бескомпромисен на пазарот за играчи. Но да се остане човек во сè, тоа секогаш ми е најважно“.

Секој може да види дека Мајкл Олисе е фудбалер од топ светска класа. Како знаевте дека добро ќе се вклопи во Баерн?

„Неговиот фудбалски пат беше помалку нестабилен, со оглед на тоа што престојуваше во различни младински школи во Англија. Но таквото минато не мора нужно да биде знак за аларм - токму совладување разни препреки може да помогнат во созревањето на играчот. Да запознаете навистина еден фудбалер, најважно е да разговарате со луѓето кои имале искуство со него, било како соиграчи било како противници. Во случајот со Мајкл, имавме предност што Оливер Гласнер во тоа време беше тренер на Кристал Палас, а нашиот директор Криштоф Фројнд добро се познава со Гласнер.

Кога тренер ќе рече: 'Слободно земето го. Земето го.', човек станува малку сомничав.

Меѓутоа Гласнер рече и: 'Тој има уште работи кои треба да ги научи, а нам ни е навистина потребен. Тоа ви говори дека навистина го цени а имаше и разговори со самиот Мајкл, право задоволство е да се муабети со него за фудбалот“.

Дали тогаш видовте колку навистина добар може да стане?

„Искрено да ви кажам, знаевме дека доведуваме добар крилен, левоног играч, баш таков каков што требаше да се вклопи во профилот на Баерн - но дека ќе биде вака сјаен.... Висината на обештетување беше предвидлива поради откупната клаузула. Фактот дека се разви на начин на кој се разви исто е заслуга и на опкружувањето и на екипата“.

Како група добри играчи се претвора во силен, обединет тим?

„За клуб каков што е Баерн, желбата заеднички да се постигне нешто големо претставува клучен фактор - а тренерот има огромно влијание на тоа. Кога стапив на должност во март 2024-та, првпат ги посетив просториите на тимот и си помислив: 'Каква е оваа летаргија? Како се да е прекриено со некаков тежок, задушлив прекривач. Па луѓе ние сме Баерн Минхен! Имаме потенцијал секоја година да освојуваме титула: веројатно во тоа треба да има и малку радост.

Венсан Компани целосно ја смени таа атмосфера. Многу играчи се истите од тогаш но делуваат како целосно поинакви личности“.

Хари Кејн исто така израсна во прав лидер.

„Во екипа која се мачи дури и на играч како Хари Кејн му е тешко да пружи максимум. Меѓутоа сега се ова околу него функционира беспрекорно. Она што посебно ме импресионираше е следното: За време на првата година со Вини (Компани) изгубивме 1:4 од Барселона дома. По натпреварот Вини ја праша екипата: 'Што мислите за ова'? Хари стана и одржа импресивен говор кој беше целосно на место. Од тој момент тој редовно го предводи тимот и никогаш не бега од одговорност. Го знаевме како врвна 'деветка' но начинот на кој сега игра како и улогата која во системот му ја овозможуваат соиграчите навистина е извонредна.

Тој е совршен пример во што сè може еден играч да прерасне кога ќе се спојат сите прави квалитети“.

Дали се сложувате со тврдењето дека ваше најголемо засилување не беше играч туку Венсант Компани?

„Дојдов во клубот во моментот кога веќе беше јасно дека тренерот нема да остане на таа функција по крајот на сезоната. А сега, кога ќе се осврнам на тоа, можам да го кажам ова: дека Венсан Компани го претставив како прв кандидат па не бев сигурен баш каква беше реакцијата. Тренер на тимот кој испаднал од лига со Барнли да биде наследник на Тухел?!“

Значи на крај го избравте баш него?

„Секако, разгледавме листа на кандидати. Јулијан Нагелсман беше еден од нив, тоа не е тајна. Имав многу добар однос со него но тој се одлучи за ДФБ (Германски фудбалски сојуз). И Ралф Рагник имаше поинаков пат. Во тоа време мошне темелно го следевме пазарот - а се што слушнавме за тој млад тренер на Барнли беше позитивно. Во еден момент си реков: 'Ајде едноставно да му се јавам на Вини (Компани)'. Разговараме по телефон пред нашиот полуфинален натпревар во Лига на шампиони во Мадрид. долго време му реков: 'Извини, 18 часот е морам да одам на состанок'. Спуштив слушалка и си помислив: 'Вау, ова делува како прав избор!' После го замолив Криштоф Фројнд да и тој стекне свој впечаток. Се врати исто така уверен“.

И, како на крајот дојде до ангажман на Компани?

„Вини со Барнли се избори за пласман во повисок ранг, освои 101 бод но потоа екипата пак испадна од Премиер лига. Некој можеше да каже: 'Не му оди, не успева да се прилагоди'. Но ние гледавме малку поинаку на тоа. Тој има јасна фудбалска филозофија. Во Премиер лига соочен со тимови како Манчестер Сити и Ливерпул кои вредат милијарди евра, не сакаше да се повлече и да стави осум играчи зад топка со надеж дека ќе освои макар еден бод. Сакаш да победува - што за мене беше најголема предност. Притоа знаев и дека Пеп Гвардиола го означи Вини како свој потенцијален наследник за моментот кога еден ден ќе се повлече од местото тренер на Сити. Во текот на нашите бројни разговори во кои учествуваа секогаш Јан-Кристијан Дрезен и Херберт Хајнер, предложив Карл-Хајнц Румениге и Ули Хенес едноставно да му се јават на Пеп со оглед на тоа што сме во добри односи со него. Два часа после тој телефонски разговор со него, стигна одговор од нив: „Во ред, да го средиме тоа“!“

И после?

„Потоа со Криштоф одлетав во Манчестер на завршни преговори. Во три часот наутро после полноќ, Вини ми рече: 'Добро, само сакам да преспијам и да поразговарам со сопругата. А јас легнав на неговиот кауч. Ме праша: 'Што правиш?!“, Му реков: 'Ули ми рече дека не смеам да го напуштам твојот дом додека не потпишеш“. На тоа се насмеа и ми рече: 'Во ред, Макс, прифаќам, но сепак морам да поразговарам со сопругата. На крај ме исфрли низ врата (се смее)“.

Заедно со Компани и Фројнд продолживте да ја развивате екипата. Притоа свесно задржавте мал број играчи во екипата. Од каде уверување дека таков пристап дава резултати?

„Како прво, потребна ви е визија - онаа која ни во кој случај не смее да ја доведе во прашање културата и историјата на клубот. Културата на ФК Баерн подразбира играње проактивен фудбал со врвни играчи. А денес таквите фудбалери чинат неверојатно многу пари. Кога дојдов јас, имавме 22 професионалци од кои сите очекуваа да играат.

Одлучивме: ќе се фокусираме да на врвни професионалци способни да ни помогнат да ја освоиме Лига на шампиони, покрај кои ќе стасуваат млади играчи со потенцијал кои исто ќе добиваат шанса да играат. Но тоа функционира само ако екипата е доволно мала и ако тренерот знае: 'Морам да го развивам ова момче зошто утре ќе ми биде потребно'.

29 октомври 2026 - 12:32