Татко и син навивачи на Реал, платиле 2.800 евра за Ел Класико па биле избркани

Извесен Франтишек Ваврек и неговиот син Денис кој полнел 18 години, обајцата облечени во дресови на Реал Мадрид, платиле 2.800 евра за влезници во првите редови до теренот на една од трибините на „Камп Ноу“ за големото Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид. Ги протерале зошто го прославиле голот на Мбапе.

Словаците Франтишек Ваврек и син му Денис во 40' минута од големото дерби кога Килијан Мбапе го постигна водечкиот гол за Реал Марид, прославиле најномрално меѓу десетици илјади навивачи на Барселона. Во сектор 113, ред 15-ти, близу самиот терен.

Набрзо дошле двајца, па тројца редари и ги исфрлиле од стадионот. 

Фаврик раскажал за инцидентот за шпанска Марка дека сакал картата за најголемиот фудбалски натпревар на светот да биде подарок за 18-ти роденден на син му кој првпат во животот во живо го гледал Ел Класико.

Семејството дошло од словачкиот град Прешов. Поминале со кола околу 300 километри со кола до Будимпешта, а од таму на авион до Барселона.

Според Фаврик, тој првично купил четири билети од прва категорија кои преку словачка агенција чинеле 5.600 евра односно по 1.400 по билет. Заедно со него и син му на дербито дошле уште еден негов пријател со синот, другар на малиот Денис.

Фаврик рекол дека уште на влез редарите ги предупредиле дека не би требало да влегуваат на стадионот со дресови на Реал Мадрид. Му предложиле да ја смени маичката купена на „Сантијаго Бернабеу“ но тој одбил.

И така таткото и синот во дрес и маичка влегле на трибините и си седнале на своите места на 20 минути пред стартот.

Словакот раскажал и дека тие во ниту еден момент не се обиделе да провоцоираат некој гледач. До голот на Мбапе во 40' минута, тие двајца си гледале мирно фудбал. Но кога Французинот го отвори резултатот интуитивно реагирале, скокнале да го прослават погодокот.

Според Фаврик набрзо десетина редари и обезбедувањето ги отстраниле од трибините. Другите навивачи ги исвиркале, им покажувале навредливи гестови и им викале: „Надвор!“.

Редарите прво им рекле дека ако се пресоблечат може да си се вратат назад на своите места, но после не им дозволиле ни тоа. На Словакот му објасниле дека другите навивачи веќе ги знаат кои се и дека не можат да им гарантираат безбедност во услови на натпревар од висок ризик.

Подоцна и полицајци разговарале со таткото и синот и ги легитимирале. Фаврик тври дека тие му рекле дека имаат документирани материјали и наоди дека ги истакнувале дресовите и исмевале навивачи на Барселона а тие постапки би можеле да се протолкуваат како насилни како како потстрек за насилство. Тој ги негирал силно тие наоди и побарал да се прегледаат видео снимките и исказите на сведоците.

ЈА ДОГЛЕДАЛЕ ВО ТАКСИ

Таткото и синот натпреварот продолжиле да го следат преку мобилен телефон во такси. „Не сакам да поттикнувам омраза меѓу навивачите на Реал Мадрид и Барселона. Не сакам бесплатни билети ниту посебен третман“, вели тој и додава дека кога неговиот пријател му се јавил и го прашал дали и тие двајца треба да го напуштат стадионот, да им се придружат, тој му рекол да остане внатре и да ужива. Тој и син му земале такси до станот, разочарани од искуството кое го планирал за 18-от роденден на својот син.

Во автомобилот, како што може да се види на видеото кое им го пратиле на новинарите од Марка, продолжиле да го гледаат „Ел класико“ на телефон а еден потег толку бурно го прославиле што го преплашиле возачот. Ваврик вели дека поседува видео и от тој момент.

„Пред патот му ветив на син ми дека никогаш нема да го заборави својот прв „Ел Класико“. Си го одржав зборот“. Никој од нас двајца нема да го заборави тој ден никогаш. За жал не од причина што како татко ја замислував“.

28 октомври 2026 - 11:59