Њу Сокер Стар
Игра направена за иОС и Андроид, која во минатото важеше за култна игра на Пи-Си и Мек. И денешниот Њу Стар Сокер го има легендарниот поглед од горе, но разликата е што сега контролирате само еден играч.
Адаптирана за Ајфон, играта ти овозможува да градиш кариера на фудбалер, да правиш трансфер во клубовите кога сакаш, како и да ги билдаш оценките преку тренинзите.
Ултимејт Сокер Менаџер 2Додека Чемпионшип Менаџер и Фудбал Менаџер имаат масовна дата на податоци, Ултимејт Сокер Менаџер 2 е направен од забава. Можеш да го градиш својот стадион, да го тренираш Фреди Бобиќ да има 99% забрзување, па дури и да се кладиш на твојот тим и да заработиш некоја пара.
Оваа игра е повеќе направена со цел да биде забавна додека го развиваш својот клуб, отколку престижот за освојување трофеи. Што повеќе се обидуваш реално да ги гледаш работите, го уриваш процесот на забава.
Чемпионшип Менаџер 1997/1998
Бројот осум на листава е игра која уништуваше животи, но во добра насока, ако е тоа можно. Ова беше прва од денес моќната франшиза Фудбал Менаџер која маса на луѓе ја гледаа како скалило до тренерска работа. Ибрахима Бакајоко, Ерик Невланд беа оригиналните малку познати фудбалери кој за малку пари можеа да донесат многу трофеи.
„Никогаш никој не бил ист по симнувањето на ЦМ 97/98", изјавил познат британски гејмер во една прилика.
Фифа Интернејшнл Сокер
Оригиналната ФИФА и првата фудбалска видео игра во историјата што имаше асиметричен поглед на теренот. Ако класиците на ЕА Спортс (Сензибл сокер и Италија 90) беа направени за сериозна публика, првата ФИФА значеше почеток на забавата.
Ако се сеќавате, можеше да му избегате на судијата за да не ви даде жолт или црвен картон. Можеше да дадете гол на неколку начини (да трчате од корнер знамето кон голот). ФИФА Интернејшнл Сокер ги постави стандардите на овој вид видео игри.
ФИФА Ворлд Кап 1998
Играта почнува а во исто време и Сонг 2 од Блур свири во позадина додека местите формација. Дали оваа е најпрепознатливата од сите ФИФА игри? Можеби, но можеби и не.
Поседуваше графика која што ги направи играчите да изгледаат како да се направени од картонски кутии. Од друга страна ФИФА 97 ни ја подари дебилната можност да дадеш гол од половина терен секогаш кога ќе се обидеш, но ФИФА 98 пат до СП беше првпат кога ЕА Спортс сфати дека фудбалот не е баш така едноставен. ФИФА 98 беше навистина самостојна игра.
Интернешјнл Суперстар Сокер 98
ИСС 98 беше лекција за тоа како добри фудбалски видео игри може да се направат на сосема друг концепт. Конами направи игра која едноставно беше различна.
ИСС 98 имаше подобра графика и ја гледавме како врвот на спортските видео игри на доцните 90-ти години за Нинтенто 64 и Плејстешјн 1. Пол Инс и Фабрицио Раванели лице во лице на омотот не го намалуваа разочарувањето од имињата Деонардо (за Роналдо), Белбиеро (за Дел Пиеро) и Бокаили (Десаи). Уште полошо звучеше коментарот од типот: „Шутира со неговата... десна нога!" (He's hit it with his... Right foot!)
ФИФА 12
Не грижете се, сепак на листава има и нормални игри. ФИФА стана некрунисан крал на видео игрите во последните неколку години, иако сè започна во раните 2000-ти кога ЕА Спротс малку забега од патот. Тогаш, инженерот на видео игрите од Абердин, Гери Патерсон ѝ се придружи на ЕА како фан и играч на Про Еволушн.
И двата гиганти минаа низ периоди на доминација, но Про Еволушн доминираше на Сони Плејстешн 2 конзолите во раните 2000-ти, додека ФИФА доминира на Плејстејшн 3. Затоа сега може да му заблагодарите на актуелниот директор на ЕА Спортс.
Про Еволушн Сокер 4
Една од причините поради кои се бегало од часови и се добивале слаби оцени во школо. Многумина ќе кажат дека Про Еволушн 5 и 6 беа вистински мастери на серијата, но грешат. Про Ево 4 беше перфектна и хипер-реалистична.
Бомба од 30 метри со левицата на Адриано, прави имиња на играчи и скандирања од трибините ја направија играва магична. Играта излезе во време кога една генерација која израсна на видео игри веќе студираше или завршуваше факултет.
Чемпионшип Менаџер 01/02
Дами и господа, ЧМ 01/02 не е само најдобра фудбалска видео игра на сите времиња, туку сигурно и најдобра видео игра некогаш направена. Ѕверската дата на податоци и реални оцени на играчите (заборавете на Черно Самба), ви овозможи навистина да влезете во филм дека сте тренер на некоја екипа.
Доволно е да кажеме само дека деца паѓаа одделениа поради тоа што секоја ноќ остануваа до 03 часот со цел да видат дали Цигалко и Азамоа ќе им донесат полуфинале на ЛШ.