Десет „Златни топки“ гостувале во Македонија, ги знаете ли кои се?
29 October 2026
- Хари Кејн е најновата „Златна топка“ во светскиот фудбал, а со тоа кога ќе ја согледаме историјата, тој стана десеттиот играч кој ја освоил оваа престижна награда, а љубителите на фудбалот имале шанса да го гледаат на терените во нашата земја.
- Центарфорот беше гостин во Македонија со екипата на Тотенхем кога играше против Шкендија, како и со репрезентацијата на Англија. Од 1991 па наваму, од осамостојувањето на Македонија, уште девет играчи биле тука.
- Тоа се Кристијано Роналдо со У21-тимот на Португалија, Павел Недвед со Чешка, Андреј Шевченко со Украина, Лука Модриќ со Хрватска и Реал Мадрид, Карим Бензема со Реал Мадрид, Мајкл Овен со Англија, тие се како играчи, а како тренери тука биле Зинедин Зидан со Реал Мадрид, Христо Стоичков со Бугарија и Марко ван Бастен со Холандија.
-
Од Македонија само еден фудбалер конкурирал за „Златната топка“. Тоа е Дарко Панчев, кој во историската сезона со Црвена Звезда во 1991 година дојде до „Сребрената топка“, односно второто место.
-
Од останатите, Родри и Усман Дембеле имаат играно против Македонија, но во У21-тимовите, надвор од нашите граници.