Англија на денешен ден во 1956 година го гледаше дебито на Сер Боби Чарлтон кој се смета за еден од најдобрите играчи од среден ред на сите времиња. Дебитираше пет дена пред да наполни 19 години и токму против екипата која се вика како неговото презимето, Чарлтон.
Играше пред 41.439 гледачи, Манчестер Јунајтед победи 4:2, а младиот Боби постигна два гола на својот деби настап. Веќе во февруари кога Манчестер му гостуваше на Чарлтон, следуваше нова победа на Јунајтед од 5:1 на која тој постигна хет-трик.
Човекот е жива легенда за клубот од Олд Трафорд кој на 77 години редовно е гостин на натпреварите на неговиот поранешен клуб за кој играше од 1956-та до 1973 година. Сè уште е најдобар стрелец на Јунајтед со 249 гола, а зад него од активните играчи е Вејн Руни со 235.
Го држеше рекордот со 758 настапи кој му го сруши Рајан Гигс, а освои и три титули во првенството и еден во ФА купот. На 29 мај на Вембли, Манчестер Јунајтед со Чарлтон за прв пат стана шампион во Европа и прв англиски клуб кој стигна до овој трофеј. Во финалето се сретна со Бенфика на Еузебио која беше поразена со 4:1, а Боби постигна два гола.
Легендата на англискиот фудбал учествуваше на четири Мундијали, а го освои тоа на свој терен во 1966-та и истата година ја освои и Златната топка. Чарлтон до минатиот месец 45 години го држеше рекордот со 49 постигнати голови за Англија 4, а му го сруши Вејн Руни кој против Швајцарија стигна до јубилејни 50 погодоци.
Оваа историја, Чарлтон за малку немаше да ја испише ако не ја преживееше големата несреќа во Минхен кога загинаа 23 патници меѓу кои осум фудбалери, двајца тренери и секретарот на Манчестер Јунајтед. Кобниот лет им се случи кога се враќаа од мечот против Црвена звезда во Белград (3:3) во рамките на Купот на Европските шампиони, сегашна ЛШ.
Во документарецот за Чарлтон кој го направи БиБиСи зборуваат Бекам, Гигс, Невил, Кантона, Фергусон, Бекенбауер...
На 13:30 раскажува за дебито