На денешен ден пред 14 години еден од најславните фудбалери на планетата ја однесе Англија на СП во Јужна Кореја и Јапонија со гол против Грција за конечни 2:2 на Олд Трафорд, во квалификациски натпревар кој беше дел од групата 9.
„Дејвид промаши многу слободни удари за време на мечот, но беше ментално многу силен за да погоди речиси во продолжението од средбата и тоа му успеа“, изјави тогашниот селектор на Англија Свен Горан Ериксон.