Фергусон: Гвардиола требаше да ми се јави за да ме замени

„Мурињо, Анчелоти и Клоп беа зафатени, а исто и Ван Гал. Пеп ништо не ме извести инаку ќе го земевме“, вели Сер Алекс Фергусон.

Легендарниот шкотски стратег кажа кои биле најдобрите четворица играчи со кои работел, но како старее вади се повеќе приказни кои претходно не ги кажуваше додека беше тренер. За негов наследник требало да дојде тренер со светска слава, но на крајот одлуката морала да падне на Дејвид Мојс.

„Ако Гигс се пензионираше на 35 години, ќе ми беше помошник и веројатно денеска ќе беше тренер на Манчестер Јунајтед. Мојс? Не верувам дека погрешивме. Го избравме вистинскиот човек, но не му одеше. Жозе Мурињо се враќаше во Челси, Карло Анчелоти беше на пат за Мадрид, Јирген Клоп го продолжи договорот со Борусија Дортмунд, додека Луи ван Гал сакаше да остане селектор на Холандија за Мундијалот. Во Њујорк бев на вечера со Гвардиола во септември, но тогаш уште не знаев дека ќе одам во пензија. Му реков да ми се јави за да ми каже што планира понатаму, но не добив никаков повик од него“, вели Фергусон.

Денот кога Фергусон го поканил Мојс на гости за да му соопшти дека ќе треба да го замени, го раскажа токму тој.

6 октомври 2015 - 15:52