„Тие правеа разлика на теренот, а доказот е токму таму“, изјави Фергусон во емисијата Фудбал Фокус на БиБиСи кај водителот Дан Вокер.
„Помладите сили како Рајан и Сколс беа фантастични играчи и прва асоцијација на нив е долготрајноста. Има ли играчи кои толку долго играле во Премиер лигата и напредувале на нивото до кое стигнаа тие? Нема, нема такви. Секако и Роналдо е комплетно генијален фудбалер“, додава Фергусон.
„Тоа е неверојатна работа. Притисокот на англискиот селектор е огромна. Јас никогаш не бев близу до тоа место и не сум ја разгледувал таа понуда затоа што сум Шкотланѓанец. На секое натпреварување новинарите ја прават англиската репрезентација фаворит или еден од фаворитите, а според мене тие никогаш не биле фаворити. Навивачите потпаѓаат под пишувањето на новинарите и голема армија луѓе сака да се освои СП или ЕП, но тоа е голем притисок“, констатира Фергусон за БиБиСи.
За барањата за поголема плата на Вејн Руни во 2010-та:
„Им кажав дека мислам дека не е фер Руни да заработува двојно повеќе од мене и Џоел Глејзер додаде: Целосно се согласувам со тебе но што да сториме?" Просто е, се согласивме дека ниту еден играч не треба да заработува повеќе од мене".
За напуштањето на Манчестер Ј. во 2013-та:
„Јасно ми е зошто беа критиките во сезоната 2013/2014, требаше подобро да ја изведеме транзицијата".
За Пол Погба во Јувентус:
„Го имавме Пол под двегодишен договор и имавме опција да го продолжиме на уште една. Неговиот агент Мино Раиола оддеднаш се појави на сцена и нашиот прв состанок беше фијаско. Јас и тој бевме како масло и вода".
За Марио Балотели:
„Во 2010 навистина размислував да го купам. Напишав домашно за него, разговарав со неколку италијански контакто, но фидбекот беше дека е преголем ризик".
За успехот на Жозе Мурињо во 2004/2005:
„Не слушнав дека потрошил речиси 100 милиони фунти за време на неговата прва сезона во клубот. Како и да е, тој е голем лидер и спектакуларен менаџер кој ги освои најважните трофеи во четири различни земји. Тешко е и да се помисли дека некој друг може да го направи тоа".