Мојс откри дека Фергусон го поканил во неговиот дом на 2 мај, односно 4 денови пред да почнат да се шират гласините за неговото повлекување.
„Тоа беше чудна ситуација. Фергусон ми се јави и ме викна во неговиот дом. Очекував дека ќе каже „Ќе купам еден од твоите фудбалери".
„Бев во фармерки и немав време да се преслечам, па прво му се извинив што сум така облечен. Неговите први зборови беа „Јас ќе се пензионирам". Јас го прашав „Кога?" затоа што тој никогаш не се повлекува, а тој одговори „Следната недела!".
„Неговите следни зборови беа: „Ти си следниот менаџер на Манчестер Јунајтед. Немав шанса да кажам да или не. Бев шокиран"
Мојс се заколнал ќе ја чува тајната затоа што Сер Алекс се уште не сакал да соопшти за неговото пензионирање. Единствена личност која дознала била сопругата на Мојс.
„Сопругата ме погледна и за малку ќе паднеше во несвест. Не смеам да ви кажам што таа рече. Сама на неа и кажав. Не смеев да им ја откријам тајната дури ни на моите деца, ниту на татко ми. Дури откако почнаа да се шират гласините им кажав и на нив дека ми се исполни сонот од моето детство", изјави Мојс.