Суспензијата на Сеп Блатер значи дека тој ќе може да се врати на работа во јануари наредната година, а доколку се докаже криминалот за кој е обвинет тоа ќе значи крај на неговото владеење од 17 години како прв човек на ФИФА.
Со оглед на тоа што Блатер е обвинет дека на нелегален начин му префрлил пари на претседателот на УЕФА, со суспензија од 90 дена се соочува и Платини.
За привремен претседател на ФИФА до изборите кои се закажани на 26 февруари 2016 се споменува Иса Хајату, претседател на Конфедерацијата на Африканскиот фудбал. Ако биде суспендиран и Платини, УЕФА во меѓувреме би ја водел Анхел Мариа Вилар кој е прв човек на Шпанската фудбалска федерација.
МАЈ 2002
Откако стана претседател на ФИФА во 1998 година, Блатер по четири години беше реизбран, но за време на неговата кампања почнаа гласини за финансиски неправилности во неговото работење.
ДЕКЕМВРИ 2010
Блатер открива дека Светското првенство 2022 година ќе се одржи во Катар.
МАЈ 2011
Откако неговиот ривал Мохамед бин Хаман се повлече од претседателските избори поради обвинувања за мито, Блатер остана единствен кандидат и по четврти пат беше избран за прв човек на ФИФА.
АПРИЛ 2013
Етничкиот комитет на ФИФА заклучува истрага за обвинувања за мито околу доделувањето на Мундијалите 2018 и 2022. Блатер е чист.
МАЈ 2015
14 функционери на ФИФА се уапсени и обвинети за корупција. Од Блатер се бараше да си поднесе оставка и покрај тоа што не е вмешам, но тој е повторно реизбран за прв човек на ФИФА.
ЈУНИ 2015
Блатер најави оставка како претседател, пред швајцарскиот весник Блик да напише дека тој всушност не поднел оставка.
СЕПТЕМВРИ 2015
Швајцарскиот државен обвинител отвори кривична истрага против него бидејќи потпишал штетен договор за ТВ права и дека незаконски му префрлил на Мишел Планити 1,3 милиони фунти.
ОКТОМВРИ 2015
Етичкиот комитет на ФИФА препорачува суспензија од 90 дена за Блатер.