Преписката меѓу КФМ и Даниел Димевски
12 ноември 2026
- „Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија оцени дека досегашното постапување на раководството на Македонскиот олимписки комитет, предводено од претседателот Даниел Димевски, отвора сериозни прашања за можен судир на интереси, непотизам, институционални опструкции и постапувања што бараат дополнително испитување од надлежните органи.
- Поради сето ова, бараме итна и неотповиклива оставка од Даниел Димевски од функцијата претседател на Македонскиот олимписки комитет“.
- Претседателот на МОК, Даниел Димевски, одговори на иницијативата што ја покрена КФМ, за смена на првиот човек на МОК.
- „Важно е да се оцрни и омаловажи секој успех само да се затскрие реалната катастрофална состојба до која ја донесе Македонската кошарка, од секој аспект и на сите нивоа. Општа констатација е дека ова е најнеспособното раководство што некогаш го имала КФМ“, одговори Димевски.
Соопштението на КФМ и одговорот на Даниел Димевски