Голот со кој Арсенал го победи Ливерпул на Енфилд после 14 години

Верувале или не, „топџиите“ од Лондон за првпат после 2012-та година победија во Премиер лига на Енфилд Роуд во Ливерпул. Со голот на Каи Хавертц Арсенал славеше 0-1 и осамна на чело на табелата со 24 бода, пред Сити кој има 21 бод.

Интересно во тој септември 2012-та кога Арсенал последен пат победи кај „скаузерите“, Микел Артета беше играч на гостите а головите ги постигнаа Лукас Подолски и Санти Казорла. Тренер беше Арсен Венгер а сега Арсенал за првпат после повеќе од 14 години излегол без примен гол на „Енфилд Роуд“ во Премиер лига.

 

 

2 ноември 2026 - 11:48