Bookbox

Во својата нова книга, Томас Лакер нуди оригинален и инспиративен поглед на улогата на кучињата во западната уметност. Неговата идеја е едноставна, но длабока: кучето не е само украсен елемент во сликите, туку посредник меѓу делото и гледачот – фигура што нè воведува во сцената и ни помага да ја разбереме.

Вештачката интелигенција може да создава текстови, музика и слики со неверојатна леснотија, често во огромни количини и со минимален човечки придонес. Оваа појава, која сè почесто се нарекува „АΙ slop“ (ВИ помија), отвора прашања за квалитетот, вредноста и влијанието на ваквата содржина. Интересно е што уште во средината на 20 век Орвел замислил свет во кој машините автоматски произведуваат масовна култура за широките народни слоеви. Неговата визија денес изгледа не само актуелна, туку и вознемирувачки прецизна.

Повеќе од хедонизмот, клуч за среќата е - автономија

Што навистина нè прави среќни? Ново истражување сугерира дека одговорот не лежи само во задоволството или исполнетоста, туку во нешто што често го земаме здраво за готово – слободата да одлучуваме за сопствениот живот.

Прслуци за во вселената: како е правена облеката за астронаути?

Зад историските мисии на човекот во вселената не стојат само инженери и научници, туку и рацете на вешти шивачки и занаетчии. Создавањето на астронаутското одело за програмата Аполо било процес што барал екстремна прецизност, трпение и соработка меѓу различни професии. Она што на прв поглед изгледа како индустриско достигнување, всушност крие приказна за рачна изработка, иновација и неочекувани извори на експертиза.

Зошто пролетта ја доживуваме како нов почеток?

Ова „нов почеток“ секогаш ни звучи чудно, бидејќи нема „стар почеток“. Но „новоста“ е во цикличноста и обновувањето, чувство кое изгледа не е само симболично туку има длабоки корени во природата, културата, па дури и во нашата физиологија.

Како да се запише звукот на бакнеж?

Прашањето малку личи на она „како звучи плесок со една рака?“, затоа што на крај краишта зошто некој би запишувал како звучи бакнеж кога би можел да ја опише сцената со многу повеќе зборови, и да продолжи и со други детали? Но запишувањето на звуци открива интересни културолошки разлики.

Поштарот кој изградил цел замок од камења што ги собирал по пат

Не можеме да се воздржиме од споредба - во центарот на Скопје еден голем реон е оставен повеќе од една година без достава на пошта (за пратки од Али експрес да не зборуваме) затоа што претходниот поштар починал, а нов не може да се најде. Просто никој не сака да биде поштар. Приказната е за еден од Франција, кој секој ден по патот по којшто одел разнесувајќи пратки си собирал камчиња. И од нив направил палата.

Различно поинакви - нова изложба на уметници со мозочни повреди

Во галеријата The Curve во Барбикан, Лондон, е отворена изложба на уметници на кои им е потребна помош за секојдневни активности, па и за сликање или вајање. Таа го поставува прашањето: кому му е овозможено да се „брои“ како уметник?

Бегство или соочување: две читања на старогрчкиот мит за сирените

Веројатно сте слушнале за митот за трите сирени кои пееле толку убаво што ги хипнотизирале морнарите. Губејќи контрола, тие се насукувале на карпестиот брег. Одисеј им одолеал со финта. Но во друга верзија на истиот мит, победата е однесена не на тој начин што сирените се одбегнуваат, туку така што тие се навјасуваат, со убавина.

Папагалите кои заразно се смеат

Се викаат кеа и се претставници на големо семејство папагали кое живее на Нов Зеланд. Познати се по својата интелигенција и љубопитност, одлики кои се од животно значење во суровата планинска околина во која живеат. Знаат и тимски да работат за да постигнат одредена цел. Истовремено, oва е една од ретките птици чиј повик звучи како смеење, и тоа заразно.

Букбокс гледаше: „Харакири“ (1962)

Секоја чест на „Опенхајмер“ и сличните епски приказни за човечки трагедии, за чија убедливост придонесуваат брзата монтажа, драматичните визуелни ефекти и тресењето на столицата во кино салата поради прегласниот звук (кој веројатно треба да симулира експлозија на атомска бомба некаде кај Драчево, додека вие сте во Карпош). Во овој филм нема ништо од сето ова. Плус е за период и за земја за која малку знаеме. Па сепак, ефектот е неверојатно силен, а филмот еден од најдобрите кои некогаш сме ги гледале.

Виртуозот на француска хорна кој свири со својата лева нога

Koга Феликс Клисер наполнил 4 години донел одлука: дека ќе свири на дувачки инструмент. Никој не се сеќава како слушнал конкретно за француската хорна. Иако тоа е тежок инструмент кој бара голем физички ангажман сега, на возраст oд 32 години, Феликс е еден од најдобрите светски хорнисти. Еден „детал“ дополнително го издвојува од колегите - тоа што тој нема раце.

Кога јогата ја сметале за антихристијанска „филозофија на склопчената змија“

Во раните денови на јогата во САД скептиците предупредувале дека таа може да ги поттикне луѓето (пред сè жените) да преминат во паганизам, односно да застранат во своето однесување и убедувања.

Материјал за иден филм: „видовитиот“ што цели 20 години цедел пари од повозрасни Американци

Во периодот од 1994-2014 Канаѓанецот Патрис Ранер испраќал писма на милиони Американци и се потпишувал како европска видовита госпоѓа. Белешките, напишани со ракописни букви, содржеле генерални предвидувања и вклучувале список „среќни“ броеви. Но визијата не била бесплатна, туку чинела 50-тина долари, и тоа само за почеток.

„Снус“ или што научивме од една данско-шведска серија

„Мостот“ (Bron/Broen) е одличен скандинавски трилер кој би можел да се коментира од социо-политички, психолошки и други агли. Но во моментов нè интересира нешто друго - што е она што го става под горната усна главната инспекторка?

Што е тоа „солидарност“?

На 60 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес се потсетуваме на зборот кој ја означи судбината на овој град, но на кого во секојдневието забораваме, како да е некаков реликт од други времиња.

Што играле и како се забавувале луѓето во средниот век?

Во Музејот Џ. Пол Гети во Лос Анѓелес до 6 август е отворена изложба која ја открива посветлата страна на она што вообичаено го нарекуваме „мрачна епоха“ - средниот век, во кој исто како и денес луѓето имале потреба да се дружат, да играат и да не мислат на тоа дека живеат баш во тој, среден век.

Тиндерот на раниот 20 век, или кога во берлинските ноќни клубови флертувале преку - пневматски цевки

Вообичаеното мислење е дека денешното среќавање на потенцијален партнер преку интернет и апликации ја има убиено романтиката и целиот тој ритуал на спарување. Но процесот на проценување и испраќање вербални и невербални пораки на потенцијалните партнери од далечина не е нов.

Нова сликовница за Адолф Сакс - изумителот на саксофонот

„Приказна за саксофонот“ е нова детска книга на брачен пар кој споделува голема љубов за џезот. Сликовницата е резултат на едно едноставно прашање - кој го измислил овој инструмент?

„Јади олово!“: кога активистите ја хакирале Барби што зборува

Во 1993, отворањето божикни подароци за голем број родители и деца во САД станало трауматично искуство. Затоа што популарните кукли почнале да зборуваат, и тоа чудни нешта.

Мала лекција по физика (и американска политика oд 1950-тите): кој е кој во „Опенхајмер“?

Во трите часа на интензивната филмска приказна за „таткото на атомската бомба“ се спомнуваат куп имиња за кои е добро да се знаат барем најосновните податоци пред да се влезе во кино салата. Ако веќе не можеме сите да ја сфатиме физиката, барем да го сфатиме општествениот контекст. 

Без гениталии, ама со стил: кратка историја на дечкото на Барби

Прв пат претставена во 1961 од Мател, куклата Кен требаше да биде (и беше) симбол на типичното американско момче од соседството. Атлетски граден, тазе ишишан, „среден“, тој беше совршен партнер на неговата пославна девојка, Барби. Дали кога го гледавте продолжението на Блејд Ранер можевте да замислите дека еден ден ќе го има на филм и ќе го игра Рајан Гослинг?

Птици наспроти луѓе - 1:0

Холандска студија идентификувала неколку примери на неверојатна способност на птици да се адаптираат на урбаната околина. Каква вештачка, ние ќе настрадаме од туѓата, поупорна природна интелигенција!

Островот каде Опенхајмер си го нашол својот мир

Деновиве низ светот (па и кај нас) премиерно се прикажува новиот биографски филм за „таткото на атомската бомба“. Малкумина знаат дека тој пред крајот на животот поминал десетина години на едно изолирано место во Карибите, пишувајќи поезија и пловејќи по заливите.

Најдобриот лош говорник на светот

Тито релативно често држел говори во јавност, но секогаш со одреден повод, држејќи се строго до темата, без импровизации. Дали бил претпазлив или едноставно немал дарба за јавно говорништво?

Сте слушнале за фобија од тешта?

Официјалното име е пентерафобија, и доаѓа од старогрчкото „пентера“ што значи мајка на сопругата, кај нас баба или тешта. Значи не зборуваме за ситуации кога таа е извор на нервоза или е просто несимпатична, туку за екстремен страв од неа.

Пред „Барбенхајмер“ - кога премиери на филмски хитови се паѓаат во ист ден

Комбинацијата на два филма кои немаат ама баш ништо заедничко стана популарна на социјалните мрежи уште пред нивната официјална премиера. А сè почна со еден датум - 21 јули.

Кербер, Харон: зошто жешките бранови имаат митолошки имиња?

Со три глави, грозни заби од кои тече врела крв, запенети вилици и опашка од змии - ова е суштеството според кое е именуван новиот жежок бран, Кербер. Чудовиштето, според Хесиод, не можело ниту да биде победено, ниту опишано. Што ни кажува ваквото име за она што деновиве го живееме, а ќе станува и полошо?

Бразилската секта која вели дека е испратена од вонземјани за да го спаси човештвото (што и не е лоша идеја)

Среде корумпираниот и социјално поделен Бразил, сектата Долина на зората, покрај одреден број откачени идеи, нуди колективен живот и отфрлање на капиталистичките вредности. Нејзините членови одбиваат да работат за пари, а исцелителните ритуали се нудат бесплатно, како израз на безусловна љубов. Во земја во која сиромаштијата спречува голем број деца да го комплетираат нивното образование, Долината на зората има свој образовен систем. Дали станува збор за „култ“ или не, на крај можеби и не е толку важно.