Ник Кејв и Ворен Елис ја прават музиката за биографскиoт филм за Ејми Вајнхаус

Комбинацијата на прва звучи необично, но режисерката на новиот биографски филм за Ејми тврди дека Ник и Ворен создале длабока и трогателна музика која одлично ја доловува судбината на пејачката која почина на само 27 години. 

Сем Тејлор-Џонсон, која има започнато како визуелен уметник пред да премине во филмските води, го режира новиот биографски филм за Ејми Вајнхаус, „Бек ту блек“. Таа ги одбрала Ник Кејв и Ворен Елис да ја направат музиката, откако со години ја следела нивната работа и сонувала за заеднички проект. Сега, кога саундтракот е речиси готов, таа вели дека „нивниот сензибилитет, како и разбирањето на оваа приказна, довела до длабока и трогателна филмска музика“.

Кејв и Елис соработуваат повеќе од 30 години, најпрвин со Бед сидс, а потоа со друг бенд, Грајндермен, со кој имаат направено филмска музика за, меѓу другите, „Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт Форд, „Патот“ и „Блонд“, биографскиот филм за Мерлин Монро со Ана де Армас. 

„Бек ту блек“ својата премиера ќе ја има на 12 април во Британија. Вајнхаус во него ја глуми Мариса Абела, а филмот го опишува нејзиниот подем до светска салва и односот со нејзиниот сопруг Блејк (кого го игра Џек О'Конел), додека се бори со зависноста. 

 

8 февруари 2024 - 18:06