Organ²/ASLSP (As Slow As Possible) е дело на Џон Кејџ, чија изведба почна во 2001, а треба да трае уште 616 години. Промената на акордите се случува на неколку години, а последен пат за тоа пишувавме тука во 2020-та.
Местото кадешто се случува ова е црква во германскиот град Халберштад, во подножјето на планините Харц. Единственото дело за кое барем се предвидува дека би траело подолго од ова на Kејџ е „Долготрајната композиција за пејачки садови“ (Longplayer piece for singing bowls) која се изведува во eдинствениот светлиник на Темза во Лондон, Тринити. Изведбата е почната две години порано од онаа на композицијата на Кејџ и би требало да заврши во 2999, што значи дека би била подолга за 359 години.
Денес, 5 февруари, еден од волонтерите на проектот ќе вклучи дополнитела цевка во органата, со што ќе додаде нота во постоечкиот шестнотен акорд. Ова ќе биде прва промена во последниве две години, а 16-та по почетокот на проектот.
150 гости од Германија, САД, Русија, Кина и Филипините имаат уплатено седишта во првите редови од 200 евра, а се очекува, како и претходните години, црквата да биде пополнета до последното, 500-то место. Вообичаено, по промената на звукот следи свечена петминутна тишина и аплауз.
Види и: Најлудата музика на светот