Археологот од Универзитетот во Јеил, Вероника Ваверу, летоска раководела со теренско истражување во Кенија, кога добила дојава од локалец дека туристи отстранувале рачни секирчиња од локалитет во конзервираното подрачје Лева, на северот на земјата.
Загрижена за ова, Ваверу ги контактирала надлежните и договорила посета. Нејзиниот водич бил локален експерт кој претходно имал откриено неколку древни локалитети во рамки на ова подрачје. Откако го разгледала теренот и сфатила дека рачните секирчиња не се украдени, туку само расфрлани, водичот ѝ привлекол внимание на нешто друго - низа од плитки вдлабнатини во карпа. Некои од нив биле еродирани, но други биле сочувани и доволно длабоки за да можат во себе да содржат десетина камчиња.
Таа верува дека древното население на ова подрачје ги користело овие дупки за играње Менкала (името потекнува од арапски збор за движење), стратешка друштвена игра за двајца играчи, која и денес се игра низ светот. Доказите сугерираат дека таа е стара неколку илјади години, а примери од неа се откриени во дрвени египетски рушевини, како и во други региони во Африка.
Прецизното датирање на дупките е тешко бидејќи тие се вдлабнати во карпа стара 400 милиони години. Но таму се пронајдени траги кои изгледаат како да се од острење метални ножеви. Ако тоа го правеле на овие места, веројатно било поради подготвување храна - со други зборови, играле Менкала со пиво и скара.
Tука можат да се најдат совети за самоделско правење на плочата (на пример од картони за јајца) и правилата.
Ако сте повеќе по видеата, тука: