15 филии и што значат

Педофилија, некрофилија, клептофилија се само некои од бизарните страсти означени со во суштина убавиот суфикс „филија“. Но освен овие попознатите, има и некои уште почудни.

„Филија“ е еден од четирите старогрчки зборови за љубов (заедно со агапе, ерос и сторге). Во Аристотеловата „Никомахова етика“, таа најчесто се преведува како „пријателство“ или „приврзаност“, а спротивното е фобија. 

Еве неколку интересни „љубови“ - некои од нив гранични со опсесија и патологија

Плувиофилија

Кога едвај чекате да врне и се чувствувате најдобро на дождлив ден (има такви?)

Гинотиколобомасофилија

Фетиш за грицкање, шмукање и други активности со женски ушни школки.

Тирофилија

Тирофилите - оние што уживаат во различни видови сирења - можат да се здружат со енофилите, или љубителите на вино.

Погонофилија

Некој кој сака бради (а можеби ги слуша и ЗЗ Топ).

Аилурофилија

Љубители на мачки, или „мачкари“.

Кинофилија

Ова е другиот табор, кучкарите. 

Кулрофилија

Курлофилите сакаат кловнови и пантомимичари, односно им се привлечни во сексуална смисла. 

Арктофилија

Ако возрасен човек собира плишани мечиња не е чуден. Тој или таа е само арктофил.

Стигматофил

Некој кој е опседнат со тетоважи и друг тип на украсување на кожата.

Перистерофил

Обожаватели на гулаби. Претпоставуваме живи и непечени.

Стегофили

Некој кој ужива во искачување по надворешност на згради и други објекти. Како на пример Ален Робер, попознат како францускиот Спајдермен кој ги има искачено Ајфеловата, Сиднејската опера и зградата на Њујорк Тајмс.

Клинофилија

Буквално - човек кој ги сака креветите. Психијатрите го поврзуваат зборот со нарушувања на сонот и желбата да се остане во лежечка позиција.

Хрисофили

Опседнати со пари и сè скапоцено што светка - посебно со злато. 

Уште филии по азбучен ред тука

1 февруари 2024 - 19:38