Малтешкиот витешки ред не е само верска организација со 1000-годишна историја. Ниту пак е само хуманитарна организација со мултимилионски буџет, со операции кои вклучуваат бегалски кампови и програми за намалување на последиците од катастрофи во повеќе од 120 земји во светот.
Како суверена нација, статус на набљудувач во ОН и со свој Устав, таа сепак нема своја територија. Издава регистарски таблички без да има свои патишта, како и свои поштенски марки, валута и пасоши.
Витешкиот ред потекнува од Ерусалим околу 1099-тата. Во 1530 на витезите им бил доделен Малтешкиот архипелаг од страна на кралот на Шпанија. Наполеон Бонапарта ги присилил витезите да ја напуштат земјата при француската инвазија од 1798, па денес седиштето им е во Рим. Само 100 од 13.500-те вистински малтешки рицари и дами денес живеат во Малта, а другите се расеани низ светот.
Првите пасоши биле издадени од Малтешкиот ред во 1300-тите, кога неговите дипломати патувале во други земји со документи кои ја докажувале нивната улога како амбасадори. По Втората светска војна, употребата на дипломатскиот пасош добил карактеристика на обичен пасош каков што користат другите земји. Денес има само 500 такви - што го прави овој пасош најреткиот на светот. Тој е по боја црвен, веројатно поради Исусовата крв, а името на организацијата е на француски, Ordre Souverain Militaire de Malte.
Редот им доделува пасоши на членовите на владата во текот на нивниот мандат. Пасошите на Големите мајстори се валидни најдолго, бидејќи тие се бираат на 10 години и можат да тераат два мандата, но мораат да се пензионираат до 85 години. Другите се валидни четири години и се користат само на дипломатски мисии. Пасошите имаат 44 страници со воден жиг на Малтешкиот крст, но без други слики или цитати.
Цариниците и граничните служби често се збунуваат кога ќе видат ваков пасош. Некои дури сакаат и да направат селфи со него, со оглед на неговата реткост. Две третини од земјите членки на Шенген го признаваат, но формални дипломатски релации нема со Франција, Велика Британија и САД.