На 4 јуни 1940 Черчил пред членовите на Долниот дом го одржал антологискиот говор „Ќе се бориме на плажите“ (We Shall Fight on the Beaches). Притоа на себе носел вилица специјално направена за да му помогне да надмине говорна маана од детството, веројатно „ш'шкање“. Тоа бил само еден примерок од вкупно четири колку што ги поседувал, а со еден од нив е и закопан.
Дизајнерот бил стоматологот на Черчил, сер Вилфред Фиш, а ги изработил техничарот Дере Кадлип, кој кај себе исто така имал резервен примерок. Токму тој е дониран на Музејот на кралскиот колеџ за хирурзи во Лондон.
Добрата вилица била од суштинско значење за физичкото и психолошкото здравје на Черчил - таа му овозможувала да зборува на влијателен и убедлив начин, што е секако многу важно за секој политичар, особено во време на национални кризи. Освен тоа, Черчил знаел за својот ораторски талент, и цел живот се плашел дека ќе ја загуби способноста да зборува.
Една од вилиците, со позлатени заби, ќе биде понудена на продажба на 6 февруари на аукција. Заедно со нив ќе биде понуден и микрофонот кој Черчил го користел за да го објави крајот на Втората светска војна.