„Кјут“ е нова изложба во Сомерсет Хаус во Лондон, на чиј влез ве дочекуваат слики на осумнаесет слатки мачиња во различни пози. Тие истовремено делуваат и крајно симпатично и некако морничаво. „Сакавме да создадеме непријатно чувство“, вели Клер Катерал, куратор на изложбата. „Па ни требаше нешто кое истовремено содржи и неодолива симпатичност, но и помрачна страна“. Портретите на мачките се наредени како во некоја проколната викторијанска вила, небаре се аристократско семејство, а се генерирани со користење на ВИ.
Ова е само вовед во она што се случува во понатамошниот тек на изложбата, што не се сведува само на пастелни бои и селфиња со виножита. Тоа е добро осмислено истражување на култот и културата на „кјутнес“-от, кои даваат извесна слатка нота на животот, но можат и да отрујат со дозата сахарин.
Изложените дела се на десетина уметници кои се занимаваат со овој феномен, a помеѓу нив има и видео игри, храна и емоџиња. Сето тоа заокружено со визуелна и сонична музичка инсталација од мултидисциплинарната уметница Хана Дајмонд, која ја споделува својата афирмативна визија за хипер-розовото девојчинство. Поставката вклучува и цела просторија посветена само на меки играчки, како и сопствено - диско.
Oфицијалниот сајт на изложбата тука.