„Светот во пламен“ (The Blazing World) на Маргарет Кавендиш, првиот научно-фантастичен роман напишан од жена, е објавен во 1666. Тој се смета за предвесник и на научната-фантастика, но и на утописките дела. Тоа е откачена приказна за жена која е киднапирана на Северниот пол, во необично кралство каде станува врховна владетелка. Таа се консултира со голем број луѓе со животинско-инсектовидна форма за филозофски, религиски и научни прашања. Вториот дел од книгата е мета-фикција во која самата авторка влегува во приказната, со нејзината реална титула, Војвотка од Њукасл, и станува блиска пријателка и „ќато“ на царицата.
Во видеото подолу, јутјуберот Great Books Prof го разгледува ова дело не само како прото-научна фантастика, туку и како пионерски обид за користење на концептот на мултиверзум, кој стана карактеристичен за книжевноста, а особено за филмот дури во 21 век.
Самата Кавендиш ја опишувала книгата како „хермафродитски текст“, веројатно поради фактот дека со вакви теми тогаш се занимавале исклучиво мажи. Но таа исто така покрила две категории одеднаш, бидејќи оригинално ја објавила како прозно парче во нејзината книга „Опсервации за експериментална филозофија“, еден од шесте тома кои ги напишала во текот на животот.
За неа пишувавме и претходно, во „Проект Вокс - историја на модерната филозофија која ги вклучува и жените“
Целата книга „Светот во пламен“ тука