Луѓето што 40 години анимираaт филм по расказ на Гогољ

Достоевски има изјавено: „Сите ние излеговме од под шинелот на Гогољ“. Расказот на овој руски автор за ситниот службеник Акакиј кој има само еден сон - да си купи ново палто. Можеби баш и не е некој интересен заплет како за анимиран филм, ама овие луѓе решиле дека ќе го прават и ќе го прават како што треба.

Расказот „Шинел“ на Николај Гогољ, објавен во 1842, до сега бил инспирација на куп режисери, од немите филмови на почетокот на 20 век, до цртан филм од 2018 во кој еден од гласовите го позајмува Килијан Марфи. 

Но еден пар руски филмаџии има поминато повеќе од 40 години создавајќи анимиран филм по „Шинелот“. Тоа е брачниот пар Јуриј Норстин и Франческа Јарбусова, кои започнале со проектот во далечната 1981 и сè уште работат на истиот.

Нивните кратки филмови „Ежот во маглата“ и „Приказна на приказните“ веќе имаат добиено меѓународни признанија, а пофалби за нив стигнаа дури и од легендарниот Хајао Мијазаки. Тие, и покрај подемот на дигиталната технологија во последниве децении, работат исклучиво аналогно. Во техника што се нарекува „анимација со исечоци“ (cut-out animation), која самите автори ја опишуваат како „примитивна“ и „народска“, тие ги цртат фигурите, ги сечат и ги помрднуваат помеѓу снимањата за да создадат илузија на движење - еден вид хартиени кукли фотографирани во 3Д.

Ова во советската анимација претходно се постигнувало со ефикасна финта - сечење само на екстремитетите или крајчињата на фигурите кои потоа лесно се мрдале. Но Јуриј ги шокирал соработниците кога почнал да им ги кине ваквите фигури и да им вели да ги заменат со многу попипав и долготраен метод на прецртување и повторно сечење. Малкумина уметници во неговата продукциска куќа Сојузмултифилм имале нерви за вакво нешто. Но една од нив била Франческа, која не само што станала уметнички директор туку и негова сопруга. 

Нивниот стандард на работа е опишан како „садистички висок“. Но кога ќе биде завршен, сите чувства на непријатност и несигурност кои се вградени во самиот расказ, сигурно ќе бидат видливи и во филмот. 

45-минутен документарец за рекордно долгата продукција на анимација на сите времиња

 

7 февруари 2024 - 09:04