Bookbox

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Звучи како штоф за филм, а таков наскоро и ќе видиме, во режија на Вернер Херцог. Во 1998 година тогаш 29-годишниот Карл тргнал од јужниот крај на Чиле со 500 долари во џебот и речиси невозможна идеја: да стигне до домот на мајка си во Англија без да користи превоз за да го скрати патот. Речиси три децении подоцна, по џунгли, граници, мориња и безброј препреки, британскиот авантурист е на само неколку стотици километри од целта - домот на неговата мајка во Хал, Англија.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

За сцените со секс користеле координатор за интимност (!). Да и тоа постои. Актерите изјавија дека координаторката за интимност била пратена од бога, актерот особено ја пофали нејзината улога во сцените каде што требал да мастурбира.

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Содржините што намерно нè лутат станаа толку вообичаени на интернет што добија и официјален сленг термин - иако е на англиски, тој е прогласен за најпопуларен збор помеѓу младите во Германија.

Што е факт а што фикција во филмот за Марија Калас?

Чилеанскиот режисер Пабло Ларен како да специјализира создавање портрети на значајни жени во пресвртни моменти во нивниот живот, кога се во тешка криза и во војна со своите внатрешни или надворешни демони. По „Џеки“, за вдовицата на Кенеди четири дена пред погребот на нејзиниот сопруг, потоа „Спенсер“, за принцезата Дијана во текот на посетата на еден од имотите на кралицата, а сега и „Марија“, за оперската дива, неколку денови пред нејзината смрт. 

Букбокс читанка: „Не постои лесна работа“ од Кикуко Цумура

Што се случува откако ќе „изгорите“ на претходно работно место и во своите 30-ти ќе почнете да барате било каква работа што не е амбициозна и стресна? Барем во Јапонија има шанса да налетате на многу интересни опции. 

Срце мое: уште колку од 1.5 милијардата отчукувања ни остануваат?

Срцето е моќен симбол и метафора, но и во многу физичка смисла не е ништо помалку загадочно - еве некои факти поврзани со овој неверојатно силен мускул во човечкото тело.

Францускиот производител чие вино е забрането во неговата земја

Винарот Максим Шапутие би можел да биде уапсен ако се обиде да продаде две од неговите најнови вина во татковината - Франција.

Додека не изгори свеќата: „тајмери“ користени во европски бордели

Во популарните јавни куќи низ Европа при крајот на 19 век е користен необичен начин на мерење на времето за една посета - свеќички кои богами изгледаат како бргу да горат. 

Пред коректорот и „дилит“: Џејн Остин користела шпенадли за уредување на своите ракописи

Методот е генијален, иако во времето на Остин изгледа не бил нов. Ја пишувате корекцијата на ливче и го прицврстувате со шпенадла на оригиналниот текст.  Ако има повеќе промени, тој на крај ќе заличи на вуду-ракопис. 

Знаевте дека Салвадор Дали го дизајнирал логото за Чупа-чупс?

Дали ни е една од омилените теми за пишување, бидејќи неговиот лик и дело се одлична комбинација на стереотип за откачен гениј но и на човек кој знаел да повлече добри практични потези, без да смета дека со тоа му се „рони бисерот“. На пример да изработи лого за - лижавче.

Тиит-ти-тииит: Морзеовиот код се враќа

Оживувајќи 200 години стар систем, хардкор ентузијасти се обидуваат да ги заобиколат доминантните начини на комуникација, често на локации каде и онака не би имале интернет сигнал.

Чудната судбина на репликата на куќата на Симпсонови

Наградна игра од 1997 предвидувала главна добивка - куќа направена по истиот тертип како онаа во цртаниот филм, и од надвор и од внатре. Но откако истата била доделена, добитничката се премислила. Не било лесно да се живее во фиктивен дом, колку и да личел на вистински.

„Толку беше реална, што ни ја украдоа“ - како се прави дрога за филмови?

Трева? Мов завиткана во мрежичка. Крек? Органски ши путер за тело. „Тули“ кокаин? Морска пена. Дизајнерите ги откриваат тајните на симулирањето дроги на филм. 

Луѓето што се мајстори за изработка на само една шаховска фигура

Во индијскиот град Амритсар, уметници со генерации рачно изработуваат шаховски комплети кои се посластица за колекционерите од целиот свет. Притоа еден мајстор специјализира изработка на само една фигура. И така цел живот. 

Ама кој го слуша?: древен дел од мозокот ви кажува кога треба да престанете да јадете

Очигледно на некои овој мозочен регион им функционира подобро отколку на други. Но можеби не е работата во него, туку во тоа колку го слушаме она што го кажува. 

Букбокс гледаше: „Преведувач на тишината“ (серија, 2023)

Базирана на романот на Анете Хес „Германската куќа“, ова е мини-серија за судењето на високите офицери кои раководеле со концентрациониот логор во Аушвиц од 1963. Една девојка е назначена како преведувачка од полски на самите рочишта, што не само што ќе го промени начинот на којшто таа гледа на блиската историја, туку и на сопственото семејство.

Најстариот анус на светот

На македонски се викаат реброносци или ктенофори, иако во буквален превод би требало да се чешлоносци или „чешли“. Желатинозна маса ама граблива, плус со својство на биолуминисценција - емитирање светлина. Тие носат некои од најстарите гени на планетата, а како што стојат работите веројатно го имаат и најстариот анус на истата. 

Роботска рака за вежбање пијано што штити од повреди и ја подобрува изведбата

Секој кој се обидел да совлада инструмент знае дека маката може да биде и ментална и физичка. За пијанистите ова значи дека часовите минати во вежбање можат да предизвикаат грчеви во рацете, кои прават прекини во рутината и дополнително да имаат негативни психолошки ефекти. За ова сега е смислено решение кое визуелно не изгледа баш софистицирано, но можеби е како некогашниот Космодиск - шашаво е, ама функционира. 

Окултниот Елвис: дали Присли бил телепатски полубог?

Според нова книга, кралот на рокенролот тврдел дека е исцелител од деветтата месечина на Јупитер. Со еден потег на раката наводно можел да направи да престане да врне. И верувал во вонземјани, од кои човештвото не требало да се плаши. 

Крај на рекламните текстови на задните корици?

„Апсолутно восхитувачка“. „Морате да ја прочитате“. „Шекспир да позавиди“. Доколку ги читате само рекламните текстови на задните корици од книгите сите излегуваат Нобеловци. Еден издавач сака да стави крај на ова. 

Опера за една премиерка

„Интимно истражување на една од највлијателните но и најполаризирачки личности во британската историја“. Вака гласи описот на нова опера посветена на животот и делото на Маргарет Тачер.

Последниот филм на Марлон Брандо бил кошмар за екипата и режисерот

Се вика „Резултатот“ (Τhe Score), премиерно е прикажан во 2001 и има „актерска екипа на соништата“ составена од Роберт де Ниро, Едвард Нортон и окрупнетиот, остарен но сè уште харизматичен Марлон Брандо. Во возбудливиот трилер не се чувствува некаква тензија помеѓу самите актери. Ама затоа на сетот...

И ти викам сестро слатка: жените кажуваат 3000 зборови повеќе дневно во споредба со мажите

Значи нема врска. Што све нема на интернет да извадат. Демек збореле жените повеќе. Имав шефица една, збор не можеше да ѝ извлечеш, само со „да“ и „не“. Све у најубаво се облекуваше, држеча жена, опасна. Еднаш така влегувам кај неа во канцеларија...Ааа, за студијава? Добро бе, ќе биде.

Шимпанзата препознаваат кога луѓето се глупи и се обидуваат да им помогнат

Голем дел од нашиот социјален живот подразбира способност да се внесеме во менталната состојба на друг човек и да си ги прилагодиме дејствата врз основа на она што тие можеби го знаат или мислат. И тоа не (толку) за нивно, колку за наше добро, да ги предвидиме нивните следни чекори и ако се негативни по нас или по околината да ги спречиме. Ама изгледа луѓето не се единствените што функционираат на овој начин.

Полицаецот кој со балетски движења го насочувал сообраќајот во Белград

Целиот во бело, со бели ракавици, Јован Буљ бил атракција во 1960-тите на улиците на тогаш главниот град на Југославија. Повеќе сакал да ги опоменува несовесните возачи „со добар збор“ отколку да им пишува казни. Денес сигурно не би бил ниту толку бел во униформата, ниту ќе можел да си дозволи да биде толку фин. 

Знаевте ли дека на остров во арктичкиот круг има огромна архива на податоци?

Додека ние мака мачиме да најдеме архивирани броеви од и не толку стари весници и списанија по нашите библиотеки, недалеку од Арктикот има длабоко закопан челичен трезор со податоци, за кои се очекува дека ќе бидат сочувани за идните 1000 години. 

Букбокс гледаше: „Единствената девојка во оркестарот“ (документарен, 2024)

Нов филм, номиниран за овогодинешните Оскари, ја раскажува приказната за Орин О'Брајан, контрабасистка која во 1966 била единствената жена во Њујоршката филхармонија и со тоа ги отворила вратите за бројни нејзини колешки.