Во средата, 27.12. во источен Лондон се отвори музејот на балони. Концептот започнал со изложбата Поп Ер во Рим, пред различни верзии на изложбата со балони да бидат извезени низ целиот свет, каде ги посетиле над 3 милиони посетители. Meѓу другите центри кадешто биле организирани изложби во сличен формат до сега биле Париз и Мадрид.
Главната кураторка, Антонела Ди Луло на лондонската изложба, вели дека балоните едноставно го будат детето во секого од нас. Нејзината поставка вклучува инсталации од 20 уметници, а помеѓу делата има големи надуени зајаци, топки за плажа и нампумапни велигденски јајца.
Иако изложбата изгледа како нешто што им се обраќа на посетители од сите возрасти (освен една просторија во која има гласна техно музика и трепкачки светла), вистинската целна група според коментаторите се инстаграм профилите. За разлика од други галерии каде камерите не се добредојдени, туку знаците им порачуваат на посетителите - „Тагирајте нè. Вашето искуство ни е важно, споделете го!“. Главна атракција е „базенот“ со топки, во кој пливаат цели семејства. Но посетени се и кабините во кои може да се позира со сценографски ефекти, на пример со пар розови напумпани ангелски крилја.
Ако случајно одлучите да го посетите музејот, едно мало предупредување - семеен билет за неговата посета е 92 британски фунти, односно над 100 евра.