„Тиромантија“ доаѓа од старогрчкото „тирос“ (сирење) и „мантија“ (обожување). Тоа е уметност или вештина на толкување на минатото и сегашноста, како и пророкување на иднината со знаци пронајдени во сирењето.
Во средниот век обликот, бројот на дупки, шемата на мувлата и други карактеристики на овој вид млечни производи биле користени за предвидување дожд, љубов, пари па дури и смрт.
Младите селанки ги пишувале имињата на своите симпатии - можни идни сопрузи на посебни парчиња кашкавал. Оној чие име било на парчето кое прво ќе фатело мувла бил „идеалниот“ партнер. Друг начин на тироманти-сување било пишување можни одговори на прашање на парчиња кашкавал и нивно ставање во кафез со гладен глушец. Она парче кое глушецот ќе го изел прво бил точниот одговор.
Интересно е дека тиромантијата денес од време на време се спомнува во поп-културата, на пример во книгата и играта Вичер, трет дел. „Најдоброто пророкување“, пишува таму, „е древниот метод на фонду - топење два вида сирење, на пример ементалер и гриер во бело вино со малку јаболков оцет. Потоа со парче леб се мацнува во течното сирење и тоа се принесува кон светлина од свеќа, така за да прави сенка на ѕидот. Се поставува прашањето - што ќе биде моето дете кога ќе порасне? Сенката ќе обезбеди одговор на ова или на други прашања“.
Сличен метод се спомнува и во шестиот дел од „Автостперскиот водич низ галаксијата“ на Даглас Адамс, каде тиромантијата е „обожување преку грутки сирење“.
Види претходно: Оомантија или пророкување со јајца