Прецизното потекло на Ел Каганер, или фигурата на „Серкото“ не е познато, но се смета дека тој станал дел од божикното украсување во доцниот 17 или раниот 18 век, во текот на барокот. Oсвен во Каталонија се среќава и во делови од Италија и јужна Франција.
Изметот од каталонскиот селанец симболизира плодност на земјата, просперитет и богатство, но може да се толкува и на општествено поангажиран начин, дека ниската класа им се „сере“ на побогатите, односно ич не ѝ чуе за „цивилизираните“ начини на однесување на вториве.
Типичниот барселонски каганер е облeчен во бела кошула, со црвена „баретина“ на главата, пуши луле и клечи со спуштени пантолани, додека под задникот има очигледно купче измет. Иако звучи богохулно, тој се додава на традиционалните божикни сцени со раѓањето на Исус во шталата, само некаде затскриен во позадината.
Денес производителите на фигурите го прават Ел Каганер во различни верзии, со ликови на познати фаци, кои се хит, особено кога станува збор за политичари. Замисливме некои од нашиве, само тешко дека тоа би симболизирало просперитет.
Различни верзии тука