Во 1862, Ото фон Бизмарк бил назначен за канцелар на Германија по смртта на кралот Фредерик Вилијам IV. Новиот крал Вилхелм веднаш влегол во конфликт со дел од политичките партии, бидејќи сакал дополнителни фондови за да ја реорганизира армијата, нешто што овие го сметале за непотребно со оглед на економската криза во земјата.
Еден од најгласните противници бил Рудолф Вирхов, лекар, антрополог и „татко на модерната патологија“, кој во тоа време водач на радикалната Прогресивна партија. Кога во една прилика тој го нарекол Бизмарк „нечесен“ и „човек кој сака да ја затвори буџетската дупка со заеми, само за да си седи покрај топла печка“, овој одговорил со понуда за двобој. Според една верзија, Вирхов веднаш одбил и тука приказната завршува. Но втората верзија е многу поинтересна.
Во неа Вирхов прифаќа, но нуди навидум поненасилна верзија на употребено оружје - затруен колбас. Поточно, два колбаса, од кои еден затруен со бактеријата Trichinella, која може да предизвика смрт кај луѓе. Тој предложил јадење на колбасите во стил на „Руски рулет“, надворешно двата би изгледале исто, па потенцијално би умрел оној кој ќе го извлечел заразениот колбас.
Вирхов знаел дека Бизмарк не би се согласил на вакво нешто, а дури и тоа да се случело, неговите советници и политички сојузници сигурно би го спречеле во намерата. Истовремено, морал да глуми дека го прифаќа дуелот за да си го одржи кредибилитетот во германската политика. Ја искористил приликата и малку научно да ја поткова јавноста посочувајќи на опасностите кои можат да лежат во заразеното месо. Интересно е дека во следните години, токму Вирхов го поддржал Бизмарк во обидот да се намали политичкото и општественото влијание на католичката црква во Германија.