Bookbox

Фудбалот е најпопуларниот спорт во светот, но зад неговиот сјај со години се криеле корупција, поткуп и незаконски договори. Во книга на оваа тема еден американски новинар ја раскажува вистинската приказна за тоа како американските власти успеале да ја разоткријат мрежата на корупција во ФИФА и да покренат една од најголемите истраги во историјата на спортот.

Понекогаш е доволен еден необичен говор за да нè потсети дека јазиците не се затворени светови, туку живи организми кои со векови се позајмуваат, се преплетуваат и се обликуваат меѓусебно. Токму таков е и легендарниот говор што во 1959 година го одржал грчкиот економист и гувернер на Банката на Грција, Ксенофон Золотас, на конференција на Меѓународната банка за обнова и развој. Добро, малку и се перчел, ама му се можело.

„Ипомнема“ или како човек да го запамти она што е навистина важно

Во години сме кога она „глупавиот памти, паметниот запишува“ го добива своето вистинско значење - многу се заборава, а нешто од тоа знае да биде важно, па дури и најважно. Додека расеаноста ни ги нагризува мислите, повеќе од кога и да е се потребни стратегии против заборав.  

Како земјоделецот станал мускулест херој

Современото земјоделство денес повеќе се потпира на технологија, машини и деловни вештини отколку на физичка сила. Сепак, интересно е што токму во периодот кога работата на нивите станувала сè помалку физички напорна, американските реклами почнале да ги прикажуваат земјоделците како силни, мускулести мажи. 

Чистач, па хигиеничар, па одржувач на објект: зошто еуфемизмите постојано се менуваат?

Зборовите што денес ги сметаме за учтиви, неутрални и општествено прифатливи често по неколку децении добиваат поинакво значење и почнуваат да звучат навредливо, застарено или несоодветно. Затоа јазикот постојано создава нови изрази за истите појави. Лингвистите овој процес го нарекуваат „лента на еуфемизмите“ – бескрајно движење во кое старите зборови се заменуваат со нови, а потоа и тие со текот на времето го губат својот првичен ефект.

Монти Пајтон повторно на куп

Пајтоновецот Тери Џонс ќе ja режира научно-фантастичната фарса, во која останатите од трупата играат - вонземјани.

„Загубениот“ роман на Вуди Гатри

Славниот кантавтор во текот на животот напишал (и испеал) илјадници песни, но колку што се знае, до смртта во 1967, напишал само еден роман, неодамна пронајдениот „Куќа од земја". Издавач е - Џони Деп!

Клубови за муабет за смртта

Memento mori - запомни дека си смртен, гласи латинската изрека. Некои луѓе ова го забораваат, други го потиснуваат, но трети се подготвени со време да се соочат со овој факт. И тоа дури лежерно си пијат кафе.

Поп историја раскажана низ Лего

Во бројни домаќинства Лего коцките се основен градежен материјал на денот, без оглед дали со нив со саати се игра, или на некоја од нив се нагазува со боса нога.

Пасоши на славните

Kaко и визит картите кои ги објавивме неодамна, така и личните документи на познатите уметници кажуваат нешто за нивниот лик и дело. Особено ако се пасоши, на кои обично има онакви глупави фотки, но и печати кои ги раскажуваат приказните за нивните патувања.

Цитатот и неговиот вистински автор

Постојат куп изреки кои како „бисери на мудроста" масовно се споделуваат на интернет. Како поздрави и честитки се испраќаат и цели песни или кратки раскази. Но дали тој-и-тој навистина го напишал тоа-и-тоа, и зошто е тоа важно?

Шеесет години стара е-книга

Aко мислите дека е-читачот е модерен пронајдок, оваа вест можеби ќе ве разубеди. Историчари тврдат дека една учителка од Шпанија имала инспирација за него уште во 1949.

Човекот со кого спиеш

Пред да почне навалицата од текстови поврзани со љубов, ангелчиња во лет и бонбоњери во форма на срце, еве еден убав визуелен приказ на најголемата интимност која можат да ја споделат двајца. Да, заедничкото спиење.

Нокаут за шах-мат

Има така денови кога човек е фасциниран од некакво интернет откритие. За мене денес е ова - фактот дека постои дисциплина (засега само машка) која го премостува јазот помеѓу физичкото и интелектуалното, во која е подеднакво важно и како се тепаш, и како мислиш. А сето тоа почнало само како СФ идеја на еден стрип цртач.

Од кал да е, мх-мх да е!

Темава на прв поглед повеќе одговара ко за Мојата кујна. На втор, ова не само што делува ко да не се јаде, туку и како софистициран уметнички перформанс, кој можеби порачува - од кал да е, ексцентрично да е.

Куферот на Дерида

Францускиот филозоф, татко на деконструкцијата, пост-структуралист и постмодернист, едно од оние имиња по кои често се посегнува кога човек сака да звучи начитано („како што вели Дерида..."), има нова биографија. А во неа и една интересна анегдота, која колку што зборува за него, толку зборува и за односот на власта кон мислечките суштества.

Човекот кој како дете сакал да биде старец

Нема подобро интервју со Вејтс од она кое можете да го чуете - со годините гласот и начинот на кој зборува му станува како на некој стар мудрец од Малешевијата, кој со поглед вперен во снежните врвови, со кавалче во едната и пљоска сок од бозел во другата рака, од време на време проговара: „И му викам ја на Кит..."

Како да опишеш сирење?

Замислете тезга на Буњаковец на која се продава сирење, урда и кајмак со натписи на нив, нешто во стилот: „Беровско-мераклиско, од овците медот" или „Секој петок да ја јадеш, прсти да лижеш". Така, ама и многу пософистицирано ги рекламираат нивните сирења продавачите во Њујорк.

„'Рѓа и коски" (2012)

Ако имате дете кое некогаш за малку ќе се удавело, никако не го гледајте филмов. За останатите, ова е мелодрама, ама со многу страст за живот, дури и кога тој гризе, мава и боли.

Бактериолошки исправна поезија

По веста дека 154 сонети на Шекспир и говор на Мартин Лутер Кинг се складирани во човечка ДНК, сега еден поет успеа да ја направи првата поетска - бактерија!

Реклами со порака

Во продолжение на нашата подрубрика за женски прашања, право на лакирање нокти и слобода на мрчење, неколку примери на користење на женското тело во реклами, од глупо, грдо, до грозно и катастрофално. Не е потребно да знаете што е „семиологија" за да ги сфатите.

Фројд - вистинскиот пронаоѓач на „таблетот"?

Славниот психоаналитичар секако не пишувал ништо за iPad-от и современите таблети. Но метафората која ја користи во еден помалку познат есеј посветен на „Мистичниот пад" чудно потсетува на структурата и функцијата на оваа денешна технологија.

Уметност во снег и мраз

Зимово се изначекавме на прилика да пишуваме на оваа тема, но денес условите изгледаат идеални. Компилација на дела кои сведочат за ефемерноста на уметноста, и на животот. Денес го има - утре го нема, ама важно било убаво.

Орвел 2013-та

Во Британија со различни настани за прв пат беше одбележан Денот на Орвел, годишнината од смртта на славниот автор, кој умре на 21. јануари 1950. А што ако беше жив?

Клетвата на Хемингвееви

Да си потомок на познат автор и да го носиш неговото презиме сигурно некогаш во животот се исплати. Но генетското наследство понекогаш знае да биде и товар. Мериел Хемингвеј, внуката на Ернест, раскажува за ова во документарец кој е дел од овогодинешната програма на Санденс.

Безделничари од сите земји - забушавајте!

Ако денов ви тргна мрзоволно, до толку што дури не ви се чита ни овој текст, ич не се секирајте. Копнежот по безделничење е сосема здрав, исправен, и да видиш чудо - дури и ефикасен. Не, во моментов не зјаете во мониторов одложувајќи ги побитните работи. Вие само умно ги проценувате приоритетите, и без непотребна хистерија ги извршувате. 

„ЗИМСКИ ДНЕВНИК“ ОД ПОЛ ОСТЕР

Твоите боси стопала на студениот под додека се симнуваш од креветот и му приоѓаш на прозорецот. Сега имаш шеесет и четири години. Воздухот надвор е сив, речиси бел,сонцето не се гледа. Се прашуваш: уште колку утра остануваат? Една врата се затвори. Друга е отворена. Влегуваш во зимата на твојот живот. (Пол Остер, Зимски дневник)