Тоа што се такви сепак не е нивен избор - тие често се чувствуваат виновни, иако не можат ништо да сторат против тоа.
Чувството веројатно ви е познато - ентузијастично почнувате да читате, ама навистина сакате да ја завршите книгата, но некаде по патот таа не ги исполнува вашите очекувања, се мачите, држ-не дај, и на крај се откажувате. И покрај тоа што никому не мора да му поднесувате сметка за ваквата одлука, се чувствувате некако бљак. Истовремено, и некако се срамите, и се чувствувате виновни. Зошто?
Метју Вилхелм, клинички психолог од Калифорнија, вели дека ние имаме тенденција да ги сфаќаме работите, па и читањето книги, како 'завршени' или 'цели', иако тие не мора да бидат такви. Оттаму и стресот и нервозата околу недовршените активности.
18 милиони членови на сајтот Goodreads во 2008 беа повикани да гласаат за најчесто недовршуваните книги на сите времиња. Од нив гласале 7,300, а на врвот на листата завршила „Квака 22" на Јозеф Хелер. Книгите од „Господарот на прстените" се на второ место.
Читателите на е-книги многу почесто прекинуваат среде читање - можеби затоа што за да пофатат друга книга не мора ни да станат од тросед. Но д-р Вилхелм вели дека сепак најчести „прекинувачи" се карактери од типот „А" кои имаат тенденција да бидат мотирирани од награда и казна, па доколку не постојат последици или јавно признание за дочитувањето на некоја (досадна) книга, не гледаат зошто би се мачеле. Најзначајниот мотиватор за завршување книга оттаму е социјалниот притисок, па токму затоа клубовите за читање се толку добри за луѓето да ги дочитаат книгите кои ги започнале.
Понекогаш додуша прекинувањето со читање е навистина оправдано, на пример ако преводот е толку неподнослив, или ако во книгата има толку коректорски и лекторски грешки, што во еден момент, дури и најупорниот читател си вели - ексик!