Стравински трибјут видеа

Обредна пролетна сланина

Вчера, 29. мај, пишувавме за јубилејот, сто години од премиерата на контроверзниот балет на Стравински, и неговото влијание врз формирањето на модерната музика. Сега ви нудиме трибјут клипчиња базирани врз последната минута од делото. Некои од нив се навистина цепки.

На сајтот на National Public Radio пред неколку недели се појави повик за креативно толкување на последната минута од „Обреди на пролетта" на Стравински, по повод стогодишнината од првата избедба. На Јутјуб биле качени стотина видеа - од софистицирани до крајно смешни. Еве неколку од нив, со посебен акцент на последното. Понекогаш стварно сме убедени дека светов е едно откачено место.

Teатар на сенки

Базенски пролетни обреди

Пролетно селење

Коко Шанел и Игор Стравински, мачки

Обредна сланина

30 мај 2013 - 11:08