Вест што нè освежи: изнервиран од лоша рецензија на неговата најнова претстава, директор на балетски ансамбл на германска опера му го намачкал лицето на авторот на истата со содржина на хартиена ќесичка, од оние за собирање кучешки измет.
Она што кај нас се вика рамковни квоти и „балансер“, во САД е диверзитетот и инклузивноста. Не само што се инсистира на одредена боја на кожа, туку мора и јавно да се демонстрира приврзаност кон догмата. Многу уметници сведочат за оваа атмосфера, само што во својата слободарска Америка, се плашат да си го кажат името.
Нова продукција на познатата јапонска балетска трупа К-Балет, чија цел е да привлече внимание кон глобалното загадување, преку интересна сценографија и дизајн на костими.
Секој кој присуствувал на аматерски (и не само на такви) балетски претстави каде се случиле некакви грешки, ги забележал: доцнењата, сопнувањата, несинхронизираноста, па дури и паѓањата. Сите тие овој пат се намерно вградени во смешна кореографија под име „Концерт: опасноста од сите“.
Во Америка не ја ценеле, па на самиот крај на 19 век дошла во Париз каде се дружела со Тулуз-Лотрек и Марија Кири. Се смета за основоположник на модерниот танц, но на нејзино име се водат и повеќе патенти поврзани со театарското осветлување.
Би-би-си го ангажираше кореографот Кори Бејкер да направи адаптација на славното дело така за балетските уметници да можат да го играат од дома. Нему решението му паднало на памет - под туш.
Се наоѓа во Перм, блиску до Урал, и како и голем број театри во светот во моментов е затворен. Но тоа не е причина таму да не се држат претстави. Само со помалку луѓе. На пример со - еден.
Град од милион жители со стокмен стадион и голема желба на него да се игра натпревар од светското не успева во намерата. Но знае да возврати - со балет на тема фудбал.
За Микела Де Принс животот не бил лесен. Уште на 4-годишна возраст се соочила со војна, останала без родители, а роднините ја дале во сиропиталиште затоа што имала кожна болест витилиго. Денес е позната балерина чија приказна инспирира. Наскоро таа ќе биде и филмувана.
Никој не вика дека овие што вежбаат крос-фит се балерини. За почеток балерините се неспоредливо поподносливи од нив и ни приближно толку не гушат "да видиш денес каква серија пируети сум направила" или "тоа арабеската ама ми тргна денес". Исто така излезе дека ова балет било понапорно.
Една од најголемите балерини на 20 век, Плисецкаја, која почина на 2 мај на 89 години, беше меѓународна ѕвезда и руски културен емисар. Меѓу нејзините бројни пријателства со познати уметници, овековечено во слики останува она со Марк Шагал.
Родена како Мабинту Бангура во 1995, Микела Де Принс минала тешко детство, обележано со воено насилство. Во нејзината нова книга, таа објаснува како од сираче од Сиера Леоне станала една од ретките црни балерини во САД, за којашто допрва ќе слушаме.
За Едвард Вотсон се вели дека е еден од најдобрите британски современи танчари. Неговата најнова улога, како Грегор Самса во „Преобразба" на Кафка, во кореографија на Артур Пита, дефинитивно го потврдува тоа.
Вчера, 29. мај, пишувавме за јубилејот, сто години од премиерата на контроверзниот балет на Стравински, и неговото влијание врз формирањето на модерната музика. Сега ви нудиме трибјут клипчиња базирани врз последната минута од делото. Некои од нив се навистина цепки.
Заборавете ги сите оние флеш мобови, кои знаат да бидат трогателни, но се сепак сурогат на вистинската спонтана убавина, која не е мотивирана од ништо друго туку од неа самата. Еве една таква, убава приказна, за летно попладне во Њујорк.
Арсен Венгер тврди дека неговата екипа го игра можеби најелегантиот и грациозен фудбал во Англија, а тоа најверојатно се должи на фактот што во слободно време фудбалерите на Арсенал вежбаат балет.