Замислете сцена: завесата се крева, почнува „Боеми“ на Пучини, а вие седите сосема сами во аудиториум кој собира 850 луѓе. Токму тоа го овозможува театар од Перм, Русија, преку експерименталниот проект наречен „Еден на еден“. Среќниот добитник ќе биде одредуван преку лотарија, а приватните претстави ќе се состојат од балетите и оперите кои се на редовниот репертоар на театарот, по вообичаена цена за еден билет.
До идејата дошол Марат Гацалов, сценскиот директор на Пермската опера и балет, откако пандемијата натера голем број културни институции да ги затворат своите врати. Бидејќи одгласите за проектот се крајно охрабрувачки, театарот планира оваа пракса да ја задржи и по завршувањето на пандемијата.
Практично, лотаријата ќе изгледа вака: 850 луѓе ќе можат да се регистрираат за секоја претстава, а победникот ќе биде одреден по случаен избор. Што се однесува до актерите, според зборовите на директорот, тие ќе се обидат да се заштитат колку што е тоа можно. Првата претстава која ќе се одржи на овој начин ќе биде „Боеми“ на Пучини.