Уфа, град со еден милион жители во Башкирија, на реката Волга, не влегол на списокот локации каде ќе се играат натпреварите на првенството. За инает, градот организира премиера на „За фудбалот“, балетска претстава за која тврдат дека на сцената ќе донесе „страсти вредни за еден Шекспир“. Премиерата ќе се одржи на 30 јуни во Башкирскиот тетар.
Ваквата одлука раководството на театарот ја донело откако се дознало дека стадионот со 15.000 седишта, Нефјаник во Уфа, нема да биде еден од оние на кои ќе се играат натпреварите од тековното светско првенство. Со планираниот балет ќе се одбележи крајот на сезоната на башкирската државна опера и балет, кои слават 80 години од постоењето. Кореографот е Алексеј Ишчук од Москва, а композитор Руслан Мурсјакаев.
Некои од критичарите однапред не се воодушевени, велејќи дека иако уметноста треба да држи чекор со времето, мешањето на спортот во репертоарот на ансамбл познат по класични изведби само заради комерцијален ефект и „финта“ едноставно не оди. Други пак едвај чекаат да видат како балетаните ќе се снајдат со фудбалските потези, кои понекогаш личат на балетски.