„Малата бесплатна библиотека" неодамна се појавила на Менхетен, и е прилично интимна - во неа собира само еден човек, евентуално двајца, но со тоа што вртењето страници тогаш би се одвивало под отежнати услови.
Точната адреса за нашите во дијаспората е старото катедрално училиште Св. Патрик на 32 Prince Street, а библиотеката личи на октопод или роботче на високи дрвени ногарки.
Дизајнери на објектот се венецуелските архитекти Марсело Ертортегај и Сара Валенте, а таа е само една од 10-те мини библиотеки кои се расфрлани низ градот (мапа тука).
Оваа, а и другите вакви библиотеки, функционираат врз принципот на размена - земаш една, оставаш друга книга. И замислете, до сега никој не ги ишкртал, демолирал или ограбил. Навистина чудно.