Еве неколку примери на погрешна употреба на англискиот во иституциите на ЕУ, според документ издаден од Директоратот за преводи на европскиот суд на ревизори (Translation Directorate of the European Court of Auditors) oд мај 2013.
Агенда: На ЕУ англиски, ова е тетратка/нотес во која запишувате кога ви се состаноците. За остатокот од светот, агенда е дневен ред или список на работи кои треба да се направат или да се дискутираат.
Агент: На ЕУ англиски, „агент" најчесто е некој кој има привремен договор за работа во една од институциите или агенциите на Унијата. На британски или ирски англиски, „агент" е оној кој работи за владина служба за разузнавање (CIA, MOSSAD, MI5, G2), или лице кое претставува некаква туристичка агенција или агенција за недвижнини. Агент може да биде и некој кој ги претставува интересите на музичар, актер или сл. Неговото значење во ЕУ англискиот не само што не е јазички коректно, туку ваква позиција на „некој кој е вработен од страна на ЕУ во какво и да е својство" не ни постои во уредбите за вработување на нејзините институции.
Англо-саксонски: Во англискиот, овој термин главно се употребува за да се опише 'член на кое и да е западно-германско племе (Англичани, Саксонци) кои се доселиле во Британија од 5-тиот век п.н.е. Во Америка ги означува белците, главно протестанти, оттаму исклучувајќи голем дел од населението. Излегува дека не постои „чисто" англо-саксонска земја, или англо-саксонски јазик во ЕУ - ваквиот јазик престанал да постои во 12. век. Овој термин е особено проблематичен за опишување на Ирците, Шкотланѓаните и Велшаните, кои го базираат нивниот национален идентитет токму врз тоа дека не се Англо-саксонци.
Беџ: Именката беџ (badge) е широко употребувана во институциите на ЕУ и означува пропусница за влез во нив или ознака за име што се носи на реверот. Овој предмет вообичаено не се нарекува беџ во англискиот, а посебно е смешно кога на влезот на ЕУ институциите за оној кој издава беџеви пишува „Беџер" (Badger).
Kaбинет: Овој збор во ЕУ англиски се користи за означување приватна канцеларија на висок претставник или службеник во некоја од институциите. Во британски англиски пак, освен што означува дел од мебелот (орман), тој ги опишува министрите во британската влада - „британскиот кабинет“ е всушност главната извршна група на владата.
Трети земји: Да речеме дека САД е една земја, Канада втора, а Ирска трета. САД може да потпише договор со Канада за да исклучи трета земја од нејзините територијални води (на пример за рибарење). Но во текстовите на ЕУ терминот се употребува во смисла на 'земји вон Европската унија' а понекогаш и 'земји вон која и да е група земји за кои зборуваме во моментот'. Ова не само што е некоректно туку е и тотално неразбирливо за аутсајдери. Пример: „Тој има Шенген виза ама не му е дозволено да работи во трети земји". Дали притоа се мисли на не-Шенген земји, или не-ЕУ земји. Неупатениот читател може да помисли и дека се работи за земји на „третиот свет" (односно неразвиени земји).
Сочувствуваме со лекторите во европските институции, и им сугерираме сите документи да почнат да ги прават во форма на - стрипчиња.