Филмски постери

Екстремен минимализам

Полскиот дизајнер Михал Краснополски одлично ги илустрира темите од славните филмови, како Војна на ѕвездите или Супермен, користејќи само една „решетка" составена од круг внатре квадрат и дијагонални линии. Во светот на вербалното тоа му доаѓа како да раскажеш филм во три збора.

Некои од постерите се разбирливи само за оној кој ги гледал („белото" во Палп фикшн), но повеќете се јасни и само од насловот.

Краснополски живее во Врашава и работи за рекламни агенции. Вели дека го изненадило колку многу постери успеал да издизајнира со овој едноставен пристап. „Можностите се теоретски неограничени", вели тој.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

27 мај 2013 - 15:54