Bookbox

Фановите на „Хари Потер“ успеале да натераат инвеститорите на голем енергетски проект да ја променат трасата на подводен кабел, за тој да не минува низ местото на кое во филмот е погребан домашниот елф Доби. Значи измислен лик, ист таков гроб, а кабелот многу реален. За иронијата да биде поголема, тој сега поминува блиску до исто така прилично реален археолошки наод.

Еден човек седи пред шаховска табла. Наспроти него не е противник во оклоп, ниту некој старец или крал, туку скелетот на Смртта. Над нив некогаш стоела порака на шведски: „Ти задавам шах-мат“. Сцената е едноставна, речиси иронична, но нејзината порака е безмилосна: без оглед на тоа кој си и колку добро ја играш играта на животот, на крајот противникот секогаш го има последниот потег, без можност за реванш.

Букбокс гледанка: „Денот на разоткривањето“ или Спилберг, ти си?

Во поголемиот дел од 39-тиот игран филм на Спилберг единствени што разбираат што навистина се случува се два лика со натприродни способности, за кои и самите не знаат од каде им се. Ние до крајот останавме во онаа другата група, ем без посебни когнитивни вештини, ем посиромашни за два и пол часа. 

Бафалото од Судан: Димитар Башевски за тоа како било да си новинар пред 50 години

Не толку одамна, да си новинар-репортер од далечни дестинации наликувало на акционен филм, во кој главниот лик требало да се соочи со нешто повеќе од прес конференции, мејлови и соопштенија. Таква е и оваа приказна, за едно известување од Судан, кое е на граница на книжевност - полно сетилни впечатоци и ликови кои не се среќаваат во стерилните вести. Такво е, на граница на фикција, и затоа што до оригиналните материјали сега веќе е речиси невозможно да се дојде. Останува барем фрагменти да се спасат од заборавот.

Додадена уште една нота во најбавната композиција на светот

Во време кога сè се случува сè побрзо, во еден средновековен храм во Германија веќе четврт век се изведува најбавниот музички концерт во светот. Делото на авангардниот композитор Џон Кејџ е замислено да трае неверојатни 639 години, а секоја промена на акорд претставува вистински историски настан што привлекува посетители од целиот свет.

Jaзикот на депресијата

Не зборуваме за она кога имаш лош ден или си нерасположен затоа што е облачно. Станува збор за долготрајно пореметување на чувствата, мислите и однесувањето, чии последици се необјаснива тага и губење интерес за нешта кои некогаш радувале. Границата помеѓу овие нешта може да изгледа тенка, но има сигнали кои упатуваат дека е премината. И тоа во начинот на кој некој зборува.

Најтемниот објект на земјата е павилјон на зимските олимписки игри

Премачкан со најцрната боја на свет, Вантаблек Vbx2, еден од павилјоните на зимската олимпијада во Јужна Кореја апсорбира 99% од светлината. Негов автор е архитектот Асиф Хан, а бојата е варијанта на онаа контроверзната црна-црна од пред некоја година.

Космичката прашинка што е наш дом

Вчерашното успешно лансирање и делумно успешно заземјување на Фалкон Хеви на Маск, кој постави рекорд за најтешка лансирана ракета во историјата, направи барем за момент да ги погледнеме работите од поинаков агол - од далеку, од каде изгледаат микроскопски ситни. А се сè она што го имаме.

Индонезиската Марина Абрамовиќ

Можеби и не е ферски што вака ја опишуваме во насловот, но Мелати Сурјодармо експериментира со телото и преку своите перформанси предизвикува „концентрирано ниво на интензитет“ на сличен начин како и нејзината реална менторка.

Уметноста на лудилото

До 18 март во Париз, во спомен-куќата на Виктор Иго, се одржува изложба на четири збирки уметнички дела кои датираат од периодот пред и за време на двете светски војни. Она што ги разликува од „обичните“ е што се направени главно од анонимни уметници, кои во тој период биле пациенти во некоја од европските психијатриски болници.

Четворицата спортисти кои доаѓаат на Олимпијадата како уметници

За повторно да оживее визијата на Кубертен за соживот помеѓу спортот и уметноста, во Јужна Кореја ќе престојуваат четворица спортисти кои нема да конкурираат за медали, туку ќе снимаат филмови или ќе сликаат. 

Портретот искасапен со сатар се враќа на галериските ѕидови

Се случило во 1914, во лондонската Национална галерија на портрети. На сликата, која била намерно оштетена, е прикажан Томас Карлајл, еден од основачите на галеријата. А сторителот била жена по име Ан Хант, која го извршила делото како дел од милитантна кампања чија цел била жените да добијат право на глас.

Четири причини зошто писателите имаат потреба да пишуваат

Некои тоа го прават заради слава, други за пари, трети за џабе. Според различни теории, пишувачкиот поттик е поврзан со сексуалните нагони, со потребата човек терапевтски да се испразни или пишувајќи да се обиде да воспостави контрола над светот и сопствениот живот. Но според Орвел сè се сведува на само неколку причини.

Врската меѓу „Денот на мрмотот“ и Чехов

Вчера (2.2) во домашни услови се случи колективно гледање на „Граундхог деј“, филмот кој имено се случува токму на втори февруари. На еден од петмината кои (колку и да звучи необично) дотогаш го немаа гледано, во моментот кога во него се цитира Чехов, му текна на расказ на овој автор, кој во некои клучни елементи асоцира на филмот.

„Доба на гнев: историја на сегашноста“ од Панкаџ Мишра

Kнига која се обидува да покаже дека гневот кој денес владее со политичкиот пејзаж и со социјалните мрежи не е нов феномен, туку е резултат на чувството на неприпадност на оние понижените, навредените или само гневните низ поголемиот дел од историјата, која постојано се повторува. 

„Инфлуенсер“ е германскиот англицизам за 2017

Победувајќи ги „блокчејн“ и „најс“, англискиот збор „инфлуенсер“, кој се користи и кај нас за влијателни поединци на социјалните мрежи, e „нај“ англицизам во германскиот минатата година.

Галерија отстрани разголени уметнички дела за да „поттикне разговор“

Oпасен преседан, начин да се поттикне дискусија или бришење на минатото? Ова се некои од реакциите на неодамнешен потег на британска галерија. 

Прва книга вкоричена во лабораториски одгледана кожа

„Чисто месо“, историја на тн. целуларно земјоделство, интердисциплинарна област која спојува клеточен инженеринг и синтетичка биологија за да дизајнира нови начини на производство на постоечки земјоделски производи како млеко и месо, има интересна обвивка. Изработена е од лабораториски добиена кожа од - медуза.

Филип Глас ја комплетира трилогијата посветена на Боуви

Славниот композитор, 22 години по последното дело инспирирано од Боуви, ѝ се навраќа на неговата музика. 12-тата симфонија, трета базирана на музика на Боуви, овој пат на албумот „Лоџер“, ќе ја доживее својата европска премиера во центарот Саутбенк во мај 2019.

Њујоршки клуб забранува употреба на „буквално“

„Континентал“, лоциран во Ист Вилиџ на Менхетен, постои од 1991. На 1 јули оваа година ќе мора да затвори. Но газдите се очигледно решени претходно да направат нешто по што местото ќе биде запамтено.

Ронгоронго - мистериозното писмо од крајот на светот

Од сите книжевности на светот, најмистериозната припаѓа на Велигденските острови, денес чилеанска територија во југоисточниот Пацифик. Таа е напишана со писмо - ронгоронго - кoe сè уште никој не го дешифрирал. А можеби е и подобро тоа никогаш да не се случи.

На Холанѓаните почнува да им пречи англискиот

За Холанѓаните масовното познавање на англискиот долго време претставуваше извор на национална гордост. Но некои од нив сметаат дека со него се претерува, и дека целата работа треба да се регулира. За Амстердам тоа подразбира и негово „бркање“ од продавници, ресторани, па дури и од продавници за сирење.

„Пост“ (The Post, 2017)

Oд моментот кога Спилберг го прочитал сценариото, до премиерата, поминало помалку од една година. Итноста на темата, за републикански претседател кој води војна со медиумите, ги мотивирало сите во екипата не само да побрзаат, туку и одлично да ја завршат работата. 

Зошто ги забораваме прочитаните книги (а богами и филмовите)?

Не знаеме за вас, но нам ни е потребен посебен напор - фаќање белешки, потцртување, навраќања - за да успееме да запамтиме за што е книгата во текот на читањето, а камоли после некое време. Можеби е до годините, а можеби до тоа дека во просек тоа е нормална работа.

„И ние, селаните, би сакале малку да читаме“

Следнава читачка вест на денот покажува како изгледа разлика помеѓу сељак и селанец - додека првите затвораат библиотеки, вторите протестираат против ваквата одлука.

„Обликот на водата“ на дел Торо е плагијат?

Пред неколку дена беа објавени овогодинешните кандидати за Оскар, а на списокот води филмот на Гиљермо дел Торо, со 13 номинации, меѓу кои оние за најдобар филм, режисер и актерка. Но целиот процес го следат контроверзи, околу тоа дали „Обликот на водата“ е плагијат на претходен краток филм, односно на драма на добитник на Пулицер. 

Најкраткиот академски текст на сите времиња

Повеќе од 40 години стар стручен текст, на чија краткост тешко дека некој наскоро ќе ѝ конкурира. Што е најважно, дури и таков тој има многу смисла.

Грчкиот политички милиброд

Благо ко благо - вкусно, миризливо, убаво легнува со млеко за појадок или со кафе попладне. Но приказната за „автентичното“ грчко цуреки содржи елементи кои не се само гастрономски, и покажува како едно обично тесто може да биде средство за потхранување на колективниот идентитет.

Жешкиот секс во средниот век

Стереотипно, средниот век го замислуваме како мрачен и тотално нееротичен. А пак историјата на сексот како линеарна, која тече од репресијата под христијанскиот запад, до денешната (наводна) сексуална слобода. Ама изгледа не било баш така...