Еден од ваквите, нови проекти на Гугл е наречен „Зборувај со книги“, и на него корисниците можат да истражуваат нови начини на интеракција со пишаниот збор. На сајтот внесувате реченица, прашање, или цитат кој некогаш сте го сретнале во книга а на кој можеби не се сеќавате дословно, и вештачката интелигенција ви наоѓа цели пасуси во книгите внесени во базата Гугл букс, кои се поврзани со она што го барате.
Притоа не се работи (толку) за пребарување по клучен збор, како што сме навикнати кога пребаруваме на Гугл, туку за поширокиот контекст на реченицата или прашањето. Ова е постигнато преку „хранење“ на вештачката интелигенција со милијарда парови реченици кои вообичаено се појавуваат во разговори, за таа да научи што значи добар одговор.
Пробавме со нашето омилено Гугл прашање - „Што е смислата на животот?“, и добивме извадоци од различни книги, од „Јасно мислење во врска со смртта“ (логично..), до Прирачник за градежни инженери. Во последново пишува: „Животот е смеење, плачење, споделување време и храна со некој драг, и гледање прекрасни нешта како боите на природата“. Ете..
Како што објаснува Гугл, во овој нивен експеримент тие не земаат предвид дали одредена книга е авторитативна или (навидум) сосема вон темата. Моделот само ги дава речениците кои прават добар „муабет“, во смисла на одговор на вашето прашање. Внесете каква и да е реченица со подмет и прирок (не хаштази, тагови и клучни зборови) и видете што ќе се случи. Пробајте тука