Bookbox

Хибридно потомоство на лав и тигрица да ти се викало лигар (на англиски - liger). Спротивната мешавина е тигав (на англиски - tigon). Ги делат карактеристиките на двата вида, на пример сакаат да пливаат како тигрите, а се социјални суштества како лавовите. 

Во Франција на 20.09. излезе нова верзија на славниот филм од 1974, режиран од Одри Диван, која претходно доби Златен лав во Венеција за моќната драма за абортус, „Хепенинг“. Ако сексуалните авантури на Емануела треба да се пре-раскажат, тоа е затоа што за половина век нештата во областа на сексуалноста се имаат драстично променето. Не самиот секс де, туку социјалните и идеолошките матрици поврзани со него. 

Букбокс гледаше: „Вил и Харпер“ (документарец, 2024)

Замислете дека сте маж кој последниве триесет години имал многу близок пријател, маж, со кого не само што професионално соработувал туку и пиел по кафани, се тепал и правел други стереотипно „машки“ нешта. Одеднаш, на 61 година, вашиот пријател ви кажува дека ќе стане жена, со цицки, репче и цветни фустани. Дали ќе му понудите да тргнете на пат низ земјата за да го поддржите во оваа идеја?

Книжевна препорака на денот

„Помошно средство за секаква намена за потребите на вашата канцеларија или дом“. Вака гласи препорака со пет ѕвездички на книга на Амазон. Не која било книга, туку учебник со 1279 страници, тврда корица и (навидум) едноставен наслов: „Гравитација“.

Пепел во пепел, ама после под вода: првата подводна гробница на светот

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Шест пати кога на Оскарите било нерешено

Во текот на 94-годишното постоење на Оскарите, само неколку пати се случило Академијата да даде еднаков број гласови во неколку категории. Еве ги тие необични моменти.

Половина век од „Кум“: продуцентите не го сакале Брандо

На синоќешното доделување на Оскарите, како дел од одбележувањето на годишнините од значајни филмови, на сцената излегоа Френсис Форд Копола, Роберт де Ниро и Ал Пачино. Повод да се потсетиме на трилогијата која денес е класик.

Истражувачката што спиеше 24 денови како мачка

Студентка на Универзитетот во Токио требало да пишува труд за поврзаноста на квалитетот на спиењето со неговата локација. Одлучила скоро еден месец да спие онаму кадешто спиеле нејзините мачки. Резултат: физички имало незначителна разлика во квалитетот и должината на сонот во споредба со спиењето во кревет. 

Како да предвидиш кој ќе добие Оскар за најдобар филм врз основа на - кивање и кашлање

Во „Амадеус“ на Форман, кога царот гледајќи опера ќе се проѕевнеше, тоа автоматски значеше намалување на бројот на изведби. Ако зевнеше повеќе пати, таа се симнуваше од репертоар уште следниот ден. Доколку проѕевањето е знак на здодевност па оттаму може да биде земено предвид при оценка на уметнички дела, каква врска имаат кашлањето и кивањето? Бидете така.

Фасцинацијата на хеви-металот со римските императори

Kaлигула, Нерон, други битни фаци од древната римска историја, се спомнуваат во поединечни песни и во цели концептуални албуми посветени на нив од жанрот хеви метал. Од каде оваа поврзаност?

Зошто во некои филмови најавната шпица е по 30-тата минута?

Вообичаено, шпицата којашто ги содржи насловот, имињата на актерите и целата екипа се случува на самиот почеток на филмот. Но кога таа ќе се појави на третина филм, човек се прашува - ако ова е почетокот, тогаш што гледав до сега?

Предноста на тоа да си „на два ума“

Еден од оние моменти на амбивалентност, кои настапуваат особено кога треба да се донесат големи животни одлуки или да се одбере страна. Ако нашата когнитивна и емотивна вага не превагнува јасно на една или на друга страна, тоа чувство ни создава стрес. Но дали ова е секогаш лошо?

Сијалицата која свети од 1901

Во слава на некогашниот квалитет на апаратите кои знаеа да траат со години, една сијалица која упорно свети веќе 121 година.

Букбокс гледаше: „Вавилон Берлин“ (серија, 2020)

Вообичаено кога историски се зборува за Германија фокусот е на нацизмот и Втората светска војна. Но што им претходело на овие настани? Разврат, берзански манипулации, политички расколи, мафија. Вајмарската република никогаш не ни била поживописно опишана, до толку што можете да ја помирисате и да се почувствувате дека сте биле таму, меѓу танчарките, болшевиците и национал-социјалистите.

Изнајми човек што не прави ништо

Насловот е делумно погрешен, бидејќи човекот што може да се изнајми во Јапонија не прави баш ништо-ништо. Да речеме дека...постои во ваша близина.

Фотограф чии 3.200 неразвиени филмови ја содржат историјата на рокенролот

Чарлс Даниелс ги фотографирал славните рокери како Џими Хендрикс, Род Стујард или Френк Запа, од крајот на 1960-тите. Сепак, десетици илјади негови фотографии никогаш не ја виделе светлината на денот.

Муви што касаат и киснење во када: приказната зад славната слика „Офелија“

Вообичаено се зборува за физичките и психичките предизвици на тоа да се глуми пред камера или во театар. Но и на оние кои позирале како модели на славните сликари не им било лесно. 

„Војводата“: вистинската приказна за пензионерот што украде слика на Гоја

Само една слика до сега е украдена од Националната галерија во Лондон. Во август 1961 „Портретот на војводата од Велингтон“ едноставно исчезнал. Кружеле најразлични теории за тоа кој може да е крадецот - од добро обучени специјалци, до италијанската мафија. Вистината била малку поинаква. 

Kако еден тапетар влијаел врз развојот на психолошка теорија

Во психологијата, а особено во онаа популарната, има повеќе обиди да се класифицираат типовите личности, врз основа на некои нивни заеднички карактеристики. Во 1950-тите двајца кардиолози се обиделе да го сторат тоа за да покажат дека табиетот има врска со срцевите заболувања. Во тоа им помогнал еден тапетар.

Ако ве тера баксуз, правец - Еквадор

Стотици традиционални eквадорски исцелители прават „духовни прочистувања“, кои вклучуваат и не баш толку духовни методи. На пример журкање со коприва.

Кафка не сакал цртежи од инсектот од „Преобразба“ - Набоков не издржал

Она во што се претворил Грегор Самса, главниот лик во „Преобразба“ во различните преводи е наведено како „бубашваба“, „инсект“, „џиновска бубачка“. Ниту еден од овие описи не е неточен, бидејќи Грегор има повеќе нозе и некој вид егзоскелет, какви што имаат инсектите. Но германските зборови од првата реченица кои се користат за негов опис се многу помистериозни. 

Кога Дјук Елингтон бил пречекан во Москва како Исус

Американски дипломат кој бил присутен кога Елингтон пристигнал во СССР известува дека тој бил пречекан како Спасителот, а ентузијастичните млади Руси, кои тогаш можеле да слушаат американска музика само преку пиратирани касети и преку Гласот на Америка, му довикувале - „Те чекавме со векови“.

Од посакувани до омразени: кратка историја на калориите

Ако сте на некаков режим на исхрана, па уште и ако за тоа користите некаква апликација за вежбање, сигурно го следите внесот на калории или барем размислувате за нив секогаш кога ќе погледнете во фрижидерот со шампити. Како дошло до тоа калориите да ни го одредуваат начинот на живот?

Никербокер: најдобро платениот странски репортер во светот на којшто денес никој не се сеќава

Целосното име му било Хуберт Ренфро Никербокер, американски новинар и писател, со прекар „Црвениот“ поради бојата на неговата коса. На времето бил вистинска ѕвезда, добил и Пулицер, но денес едвај некој се сеќава на неговото име.

Што е разликата меѓу „милијардер“ и „олигарх“?

Вториот термин го среќаваме речиси исклучиво кога станува збор за пребогати Руси, и тоа не само сега, туку со децении. Ретко „нафатиран“ Американец или западноевропеец е етикетиран со овој збор. Зошто едниве се олигарси, а другите не?

Од каде името на „Цезар“ салатата?

На 25 минути пешачење од најактивната копнена граница на светот, која ги поврзува Сан Диего во САД и Тихуана во Мексико, се наоѓа домот на една од најпознатите салати во светот. Цезар салатата не го носи името според римскиот император, туку по еден друг, италијанско-американски Цезар.

Еид Мар: монетата што го слави убиството на Цезар

Една од најзначајните златни парички од древниот свет ќе биде ставена на аукција во мај оваа година, од водечката фирма за продажба на вакви монети, Нумизматика Арс Класика. Тоа е наводно истата искована од предавникот на Цезар, Маркус Јуниус Брутус, во спомен на атентатот којшто самиот го извршил на денешен ден, 15 март.

Црна коса - бела долна облека: училиштата во Токио ги укинуваат контроверзните правила

Јавните средни училишта и други образовни институции во Токио објавија дека ќе укинат пет правила, вклучително и она кое до сега од учениците бараше да имаат - црна и права коса!

Букбокс гледаше: „Херој“ (2021)

Кога ќе слушнете дека некој филм е ирански отприлика знаете што да очекувате - приказна за „малите луѓе“ и нивните судбини, кои се истовремено и универзални и врзани за конкретното поднебје. Ако филмот е на Асгар Фархади, тогаш знаете дека тоа ќе биде и добар филм.