Bookbox

Хибридно потомоство на лав и тигрица да ти се викало лигар (на англиски - liger). Спротивната мешавина е тигав (на англиски - tigon). Ги делат карактеристиките на двата вида, на пример сакаат да пливаат како тигрите, а се социјални суштества како лавовите. 

Во Франција на 20.09. излезе нова верзија на славниот филм од 1974, режиран од Одри Диван, која претходно доби Златен лав во Венеција за моќната драма за абортус, „Хепенинг“. Ако сексуалните авантури на Емануела треба да се пре-раскажат, тоа е затоа што за половина век нештата во областа на сексуалноста се имаат драстично променето. Не самиот секс де, туку социјалните и идеолошките матрици поврзани со него. 

Букбокс гледаше: „Вил и Харпер“ (документарец, 2024)

Замислете дека сте маж кој последниве триесет години имал многу близок пријател, маж, со кого не само што професионално соработувал туку и пиел по кафани, се тепал и правел други стереотипно „машки“ нешта. Одеднаш, на 61 година, вашиот пријател ви кажува дека ќе стане жена, со цицки, репче и цветни фустани. Дали ќе му понудите да тргнете на пат низ земјата за да го поддржите во оваа идеја?

Книжевна препорака на денот

„Помошно средство за секаква намена за потребите на вашата канцеларија или дом“. Вака гласи препорака со пет ѕвездички на книга на Амазон. Не која било книга, туку учебник со 1279 страници, тврда корица и (навидум) едноставен наслов: „Гравитација“.

Пепел во пепел, ама после под вода: првата подводна гробница на светот

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Зошто луѓето ги мразеле количките за пазарување кога се појавиле?

Појавата на количките за пазарување во раниот 20 век помогнала да започне ера на масовна потрошувачка, да се развијат супер-маркетите онакви какви што ги знаеме денес и да се прошири асортиманот на производи, без потрошувачите да се секираат како ќе ги однесат нештата до каса, а потоа до кола.

Бредли Купер снима биографски филм за Леонард Бернштајн

Читајќи ја „дебелата“ биографија на Хемфри Бартон за Бернштајн (преведена и на македонски), човек не може а да не се праша зошто до сега никому не му текнало да сними филм за овој бескрајно талентиран и необичен лик. Во меѓувреме сепак му текнало, и тоа на Бредли Купер. 

Опасното „цмок-цмок“: жената која водела борба против бакнувањето

На почетокот на 20 век почнало да станува јасно како се шират заразните болести, и дека тоа меѓу другото може да се должи и на бакнувањето. Ова извадило од памет извесна Имоген Рехтин, која започнала кампања за забрана на бакнежите кои се разменувале како знак на пријателство, особено меѓу жените, но дури и на оние споделени во интимноста на спалната соба.

Уметноста на активното слушање

Слушањето го третираме како автоматски процес за којшто и нема што посебно да се мудрува, како да спаѓа во истата категорија како варењето на храната или трепкањето. Но ако малку му посветиме внимание, тоа може да ни отвори перспективи кои можат да се добијат само ако навистина се обврне внимание на она што го зборуваат другите.

Што ако најдобрите книжевни дела на светот никогаш не стигнале до нас?

Само дел од приказните во светот имаат преживеано. Најнови проценки покажуваат дека дури 90% од средовековните ракописи исчезнале во катастрофи или биле рециклирани. Што е она што можеби го пропуштаме и како тоа би можело да влијае врз нашите судови за тоа што е „квалитетна“ литература?

Букбокс гледаше: „Кларк“ (мини-серија, 2022)

Биографска приказна за човекот кој важи за првиот селебрити-гангстер. Тој освен за убиства, кражби, измами и други кривични дела е заслужен и за создавањето на изразот „Стокхолмски синдром“. Истиот оној кој ќе го почувствувате откако серијата ќе ве направи заложник на неговата инфантилна и опасна фигура.

Букбокс читанка: „Сè помалку човек“ од Осаму Дазаи

Делумно автобиографски, овој роман, иако краток, е толку набиен со емоции, сурова искреност и песимизам, што - иронично - може да служи како мотивациска литература. За споредба на некои наши замислено тешки состојби со оние на човек со реални психички проблеми, жртва на секојдневни неправди но и обременет со сопствена вина, кој завршува во лудница. Најава за она што ќе му се случи на авторот во реалниот живот.

„Разоткриена убавина“ - првото голо селфи во модерната уметност?

На сликата, која за жал не можеме да ја ставиме на насловна затоа што веднаш ќе биде банирана од фејсбук, се гледаат прекрасни женски гради, прозрачни, како да се од слонова коска. Тоа се всушност градите на американска сликарка, чија визуелизација била направена за политичар кој најверојатно ѝ бил љубовник.

„Живиот весник“: претстави направени според актуелни вести

1930-тите, Америка, Големата депресија. Слично како и за време на нашата пандемија, културните институции се затворале, а театарските работници останувале на улица. Владата настапила со првата државно спонзорирана уметничка програма, која вклучувала претстави базирани на секојдневните вести.

Авторка на есеј „Како да го убиеш својот сопруг“ виновна за - убиство на сопругот

Порота од Портланд, Орегон, ја осуди авторка на самоиздадени љубовни романи, која претходно има напишано онлајн есеј под наслов „Како да си го убиеш мажот“, затоа што го усмртила својот маж со пиштол. Тој текст поротата не смеела да го земе предвид при донесувањето на одлуката затоа што тој бил стар неколку години, но неговата деталност не можела да остане незабележана.

Кои се можните победници на Кан 2022?

Овогодинешниот Кански филмски фестивал започна на 17-ти мај, со онлајн обраќање во живо на претседателот на Украина Зеленски, а ќе трае до 28-ми. Прво асално издание по откажувањето во 2020 и „хибридноста“ на 2021, тоа содржи нови дела на познати автори, но и дебитанти кои ветуваат. Жирито ги вклучува индијската актерка Дипика Падуконе, иранскиот режисер Асгар Фаради и британската актерка и режисерка Ребека Хол, а е предводено од францускиот актер Винсент Линдон.

Серџу Челибидаке или најконтроверзниот диригент во историјата

Генијалец, визионер или лудак? Признавал само концертно изведена музика, а плочите ги нарекувал „палачинки што пеат“. Светот на класиката му го признава огромниот талент на романскиот диригент, чија биографија наскоро ќе биде филмувана со Џон Малкович во главната улога.

Делфините си ги препознаваат другарите по вкусот на - урината

По она што го знаеме (а не дека знаеме), интелектуалниот капацитет на делфините е многу над повеќето други животински видови. Најновата информација за тоа како тие си ги одделуваат туѓинците од блиските само навидум го оспорува ова тврдење.

Дали Кирил и Методиј и нивните ученици страдале од карпал тунел?

Низ историјата луѓето запишувале нешта на различни материјали и со користење на куп алатки, од наострени камења до пердуви од животни и мастилави пенкала. Но нештата се забрзале кога индустријализацијата веќе немала време за чекање некој да се тегне за со убав ракопис да препишува или да фаќа белешки, па да почнува од почеток само поради една гершка.

Moтивацискиот тренер кој ги убедувал своите жртви да лежат во ковчези и да си го јадат изметот

Почнал со пирамидален бизнис со козметика, за потоа да се префрли на нешто многу повносно - мотивациски семинари на кои, најблаго речено, се случувале многу необични нешта. Го тужеле, го суделе, но тој не го дочекал исходот.

„Чудото без екстремитети“ - сликарката без раце и нозе од 19 век

Сара Бифин била родена со хендикеп. Како возрасна била висока само 93 сантиметри и немала екстремитети. Ја изложувале како атракција, но таа успеала да покаже дека е талентирана сликарка а не само „чудо на природата“.

Професија: ловец на стаорци

Денес се викаат фирми за дератизација и својата работа ја вршат со мала но сигурна дистанца од штетниците. Во минатото тие буквално се среќавале лице в лице. За некои од нив постојат записи, цртежи за тоа како изгледале, но и анегдоти според кои наместо да ловат стаорци, ги одгледувале за да ги има повеќе.

Традицијата Јапонките да зборуваат со тенок глас

„Сладок како сируп, висок како свирка за ловечко куче. Да е уште повисок би можел да скрши стакло“. Ова е опис на глас на Јапонка која ја има усовршено вештината на зборување над природниот опсег на нејзиниот глас, практично „цивкајќи“. Ваквата традиција опаѓа, но се уште постои во јапонската традиција и популарна култура. 

Судењето на Вангелис за плагијат

Грчкиот композитор Вангелис почина на 79 години. Оние кои се простуваат од него го нарекуваат „колос на модерната музика“ и „композитор кој промени една цела ера“. Но еден негов колега не мислел така - го обвинил за кражба на мелодија токму за неговата најпозната филмска тема.

Пет пати кога Хемингвеј ја прелажал смртта

Преземал ризици како да е лик од книга, сакал да искуси и како е да се падне во раце на непријателски војник и да се биде набоден на рогови од бик. Ироничното во сето тоа е што по толку пати одбегнување на речиси сигурна смрт, на крај кренал рака врз себе.

Кога велосипедистите биле одлучувачки за избор на претседател на САД

Лигата на американските точкари првично била наменета да ја шири љубовта кон возењето велосипед. Но изборот за претседател на САД во 1896 го променило тоа.

Зошто научниците претвораат молекули во музика?

Експерименталното „преведување“ на био-податоци во звуци почнале пред повеќе децении, но денешната пософистицирана технологија овозможува тоа да се прави полесно и со поголем ефект. Сепак, добиената музика не е само финта, туку служи за објаснување на сложени процеси на многу поразбирлив начин, а може да доведе и до нови откритија.

Контроверзна претстава за убиецот на Ганди

Анупама Чандрасекар е името на индиската драмска писателка чија претстава се фокусира на атентаторот на Ганди, Натурам Годсе, кој бил обесен во 1948 за своето дело. Но неговото име во последниве години се враќа во оптек, овој пат не како предавник, туку како херој.

Вим Вендерс ќе прави филм инспириран од проѕирните јапонски тоалети

Јапонците се мајстори да направат чудо од навидум обични работи. На пример од она што за нас стереотипно е грдо и валкано место, кадешто не се оди освен ако ептен не мораш - јавното ВЦ.