Нова статија објавена во списанието „Сајнс адвансис“ се однесува на вид делфини, Tursiops truncates кои користат примероци од урина за да си ги познаат другарите и другарките. Авторите од Универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска дошле до овој заклучок откако набљудувале делфини кои пливале низ „облаци“ од испарувaња на урина.
Љубопитноста и вниманието коишто ги поттикнале испарувањата од ним блиски делфини биле многу поголеми, и придружени од комуникација во форма на свиркање, што за истражувачите покажува дека делфините можат да си ги препознаат блиските преку содржината на нивната бешика.
Делфините биле следени на Бермудските острови и на Хаваите, каде живеат во морски лагуни, практично изолирани од остатокот од делфините во морето. Истражувачите користеле примероци урина од делфини од изолираната група и урина од други делфини за да видат дали тестираната група ќе реагира различно. Мочката од „пријатели“ била предмет на интерес од страна на делфините три пати повеќе отколку другата.
Тие покажувале уште поголем интерес доколку испарувањата од урината била придружена со снимки на познати свирежи на делфини со кои тие го поминувале времето.
Што е точно она што делфините го детектираат во примероците од нивните содружници се уште не е јасно, иако тоа можат да бидат протеини или маси содржани во отпадот. Не е мирисот, бидејќи делфините имаат многу ниски олфакторни способности, но можеби е до вкусот, бидејќи во текот на еволуцијата задржале силно чувство за истото.