Bookbox

Морничавите вистински приказни на Филип Боксо (Philippe Boxho) и претходно беа популарни. Но неговата најнова книга од трилогијата, која е оценета како најбизарна и најлуда до сега, е продадена во 300.000 примероци и наскоро ќе биде преведена на 30 јазици.

Замислете дека сте маж кој последниве триесет години имал многу близок пријател, маж, со кого не само што професионално соработувал туку и пиел по кафани, се тепал и правел други стереотипно „машки“ нешта. Одеднаш, на 61 година, вашиот пријател ви кажува дека ќе стане жена, со цицки, репче и цветни фустани. Дали ќе му понудите да тргнете на пат низ земјата за да го поддржите во оваа идеја?

Пепел во пепел, ама после под вода: првата подводна гробница на светот

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Шарлот, Емили и Ен не се ни Бронт, ни Бронте, туку Бронти?

Денес, 26.09., излезе вест дека е исправена грешка направена уште пред 85 години, со тоа што во Поетското катче на Вестминстерската опатија презимето на сестрите кои на македонски (српски, бугарски) ги знаеме како БронтE биле напишани без две точки врз е-то. На англиски без тие ознаки некој може да го прочита презимето како „Бронт“, а всушност е Бронти.

Oд каде потекнува идејата за „рамноправност“?

Човечката историја е цик-цак линија на доминација и обиди за регулирање на истата, со развивање на кооперативни начини на живеење. Последново е „цик“-от. А „цак“-от е огромен чекор нaназад во периоди кога поради потреба од работна рака (поради земјоделие или индустрија) хиерархиските структури повторно биле воспоставувани, посилни од претходно. 

Посета на музеј како афродизијак?

Полски музеј ги моли своите посетители да престанат да водат љубов во неговите простории. На социјалните мрежи се бараат видеата. A во одбрана на паровите заинтересирани и за историја, но и за биологија, некој вели - па има ли нешто повозбудливо од тоа да видиш топ во живо?

На кафе со Хитлер

Нова книга содржи фасцинантна приказна за тоа како ексцентрична група британски разузнавачи користеле аматерска дипломатија за да навлезат во високата нацистичка команда, и да спречат избувнување на Втората светска војна. Начинот на којшто планирале да го сторат ова бил необичен - да ги „цивилизираат“ и „просветлат“ нацистите, со тоа што ќе ги носат на убави вечери, ќе пијат добри вина и ќе разговараат на интелектуални теми.

Дали сте оговарач, ловец или танчар?: нова книга за феноменот на љубопитноста

Љубопитноста, според една англиска поговорка, ја убила мачката. Но што претставува таа? Од каде доаѓа и како функционира? Нова книга, напишана од идентични близнаци - филозоф и биоинженер, се обидува да одговори на овие прашања.

Резигнираниот и разочаран Крлежа

Во Хрватска излезе од печат нова книга, „1960-тите: дневнички фрагменти“, во која на четириесетина до сега необјавени страници од 1953 и 1968 се гледа колку, и поради што Крлежа бил резигниран и скептичен кон своите колеги-писатели и кон тогаш бунтовната младина.

Aј не биди „холандски вујко“

Неформален термин за човек што реагира со искрени но често сурови коментари и критики. Во англискиот навлегол во специфичен период од историјата, кога Холанѓаните не биле баш омилени.

Колку коректорски грешки може да собере во еден текст?

Непосреден повод за оваа статија е текст на тазе гаранција добиена за апарат за далечинско заклучување на возило. Но и генералниот муабет помеѓу оние кои со години се занимаваат со издавање и печатење книги, дека во предкомпјутерско време се правеа помалку грешки.

Мерлин Монро, канибализам и Хари Стајлс: најочекуваните филмови на Венецијанскиот филмски фестивал

79-тото издание на најстариот филмски фестивал во светот се отвори на 31 август и ќе трае до 10 септември. Од она што до сега се знае за филмовите изгледа дека ќе биде силна година за награди и за зима помината со добри филмови. 

Кога времето било мерено со - мириси!

Низ историјата сме одредувале колку е часот со помош на сенки, песок, вода, со осцилирачки кристали. Сме саделе и градини-часовници полни со цветови кои се отвораат и затвораат секој час во денот. Сè што се движи со одредена правилна повторливост може да биде средство за мерење на времето. Но познато е само едно кое е напојувано од оган: часовникот кој работи на мирис.

Црната историја на нафтата

Нова книга на речиси 800 страници го истражува нашиот однос кон скапоцените комплексни јаглероводороди во кои спаѓа нафтата, а кои се истовремено благослов и проклетство за луѓето на чие земјиште е пронајдена.

Бугарска верзија на играта „Карти против човештвото“ оценета како навреда на „древните вредности“

Ако не сте ја играле, американската друштвена игра Cards Against Humanity подразбира влечење карти на кои се испишани одредени реченици, кои треба да се дополнат. Тие често се политички некоректни, „мрсни“ и навредливи - тоа е смислата на играта. Изгледа не и кога станува збор за бугарска верзија.

Aфриканските претходници на Лок, Хјум и Кант

Највисоките идеали на европското просветителство биле промовирани повеќе од еден век порано од Етиопјанец кој живеел во пештера, одбегнувајќи верски прогон поради своите рационалистички ставови. И тој не бил единствен филозоф од Африка чие име би требало да стои до оние на Хјум или Лок.

Како за филм: приказната за Сенегалката Веселинка од Битола

Годината е 1928. Во белградска Политика излегува текст за „една наша црна гостинка“, родум од село близу Битола, чедо на Првата светска војна, чиј татко, Сенегалец, војувал на Солунскиот фронт. Новинарски текст како расказ, приказна како за филм.

Што значи кога „умот ти собира волна“?

Во постарата литература на англиски често се појавува израз кој денес не е во употреба, а кој означува активност со која радо би се занимавале, ако ни се овозможи раатот.

Koj рече дека турбофолкот не е поезија?

Студентка по политикологија и новинарство за време на пандемијата почнала да постира видеа во кои рецитира турбофолк хитови. Доволно е да ја смениш сценографијата, стајлингот на изведувачот и да фрлиш малку зачин од позадинска музика, па „Каква гуза“ да звучи како Мајаковски.

Букбокс гледаше: „Одмазда“ (2022)

Филм кој ве вози по жанровски кривини - почнува како „лајтерица“, комедија на забуни и сатира, за подоцна на моменти нагло да сврти во поинакви води, доволно кратко за да не оптовари, но и доволно јасно за да разоткрие силна социјална критика, особено кон поделбата на „градски деца“, растени на чиа и електрични велосипеди, и „провинцијалци“ кои се радуваат на хамбургер. Ама додека првите само го цитираат Чехов, вторите навистина го читале.

Пред клима уредите: ладалата како мода и политика

Во просторија без еркондишн и без промаја секогаш добро доаѓа тенко списание или флаерче за да се мафта со него и барем да се создава илузија на струење на воздух. Ретко кој со себе носи ладало, но тоа во минатото и не служело само за разладување, туку сигнализирало престиж и статус. 

Приказната за „Инает куќата“ во Босна

Денес е ресторан со традиционални босански специјалитети и со необично име. „Инает куќа“ навистина постои благодарејќи на инаетот на нејзиниот поранешен сопственик.

Кога библиотеките користеле Циклон-Б за дезинфекција на книгите

Од почетоците на јавниот библиотечен систем, јавниот и отворен пристап кон книгите предизвикувал страв и желба за прочистување на библиотечните полици и на читалните. Ова се однесувало не само на нештата што можат да ги нападнат книгите, туку и на социјално непожелните посетители во самата библиотека.

Против август

„Сè што си мислел да кажеш или да направиш сега постои во минато време: без оглед дали било кажано или не, дали било комплетирано или никогаш не ни почнало. Месецот функционира, признавам, како одличен изговор. Се тешам себеси и другите во врска со моите грешки и неуспеси, со ветувања за она што ќе се случи во септември“.

Од најновиот филм за Елвис: необичниот сленг на панаѓурските работници

„Елвис“ е нов биографски филм на Баз Лурман, кој го следи животот на кралот на рокeнролот од перспектива на неговиот менаџер, полковникот Том Паркер. Направен „стриповски“, со многу брзи монтажи и ефекти, но и со добра музика, тој содржи еден детал кој е малку тешко да се забележи - тајниот говор на панаѓурот, карневалот, циркусот.

Уморот влијае врз нашата вeликодушност

Дали ќе помогнеш на непознат со торби од пазар, ќе станеш на трудница во автобус или ќе донираш поголема сума во добротворни сврхи не зависело од тоа колку си во суштина љубезен и хуман. Туку од тоа колку си наспан и одморен.

Нацисти под пирамидите: соработниците на Хитлер кои нашле засолниште во Египет

По Втората светска војна голем број соработници на Хитлер нашле засолниште во Египет. Нова книга укажува на долготрајното влијание кое тие го вршеле во локалната и регионалната политика, заземајќи високи советнички места во тогашната влада. Пример е Ариберт Хајм, познат како „Доктор Смрт“ или „Касапот од Матхаузен“, кој ѝ избегал на правдата и живеел тивко во Каиро како муслиман, под името Тарек Хусеин Фаред до својата смрт во 1992. 

Зошто сакаме лута храна?

Еволутивните биолози сметаат дека човечката тенденција за јадење зачинето и луто е резултат на неопходност. Психолозите имаат малку поинакво толкување.

Букбокс на Македокс: „Нели и Надин“ (документарен, 2022)

Шведскиот режисер Магнус Гертен е фасциниран од архивски снимки од пристигнувањето во Малме на преживеани од германските логори од Втората светска војна. Ова е негов трет филм на оваа тема, обид за идентификување на анонимните ликови и нивните приказни. И тоа какви приказни!