Bookbox

Долгоочекуваниот нов филм на Спајк Ли со Дензел Вашингтон во главната улога е верзија на „Рај и пекол“ на Куросава ги поставува истите етички прашања како и неговиот претходник во ново руво, додавајќи им боја, брзина и одлична музика. 

На 4 септември на метро станицата Кондратовица во Варшава се отвори првата библиотека во метро. Таа содржи над 16.000 книги, детско катче и простор за релаксација за возрасни. Истовремено, тоа ќе биде место за културни настани. 

Сте слушнале за Леси и Рин Тин Тин, ама знаете ли за Стронгхарт?

Филмовите со животни во тоа време не биле само за деца, туку за поширока публика. Стронгхарт бил опишуван како „акциски херој од немиот филм“, налик на подоцнежните (човечки) Ван Дам или Шварценегер. Во текот на својата кариера германскиот овчар стекнал огромна популарност, добивал илјадници писма од обожаватели, па дури „потпишувал“ автограми со шепата натопена во мастило. 

Венецијанскиот лав е всушност од Кина

Анализа на изотопи пронашла бакарна згура од долината на реката Јангцекјанг во статуата која го краси плоштадот св. Марко. Само што тогаш не ставале декларации со „мејд ин Чајна“.

Koj сака да биде музејски инфлуенсер?

На прва можеби звучи блесаво, знаејќи дека инфлуенсерите главно се закачуваат на реклами за компании и производи кои ретко се од доменот на културата, уметноста или науката. Ама ете, на некого му текнало дека може и поинаку.

Со која музика би сакале да ве испратат?

На погребите на кои сум била само еднаш имало музика, и тоа онаква траурна, како да не било доволно мачно што и поводот за неа бил таков. Во други култури музиката која е дел од последното испраќање го слави животот и потсеќава на починатиот. На Задушница ве прашуваме - со која музика би сакале да заминете, ако веќе се мора?

„Твит“, „стриминг“, „трансфобично“ - нови зборови во Оксфордскиот речник

„Чувство дека некоја идеја или концепт е вон вашата моќ на сфаќање" или, со опроштение на софрава, headfuck, е само една од неколкуте тазе одредници во познатиот речник на англискиот јазик.

Читањето е јавна работа

На денот кога во нашиот градски парк ќе се одвива „Види музика, слушни слика, добиј книга" и во Белград ќе почне интересна акција за промовирање на читањето на јавни места.

Модни фотографии инспирирани од самоубиства

„Вајс“, месечник од областа на уметноста, е често е обвинуван за промовирање конзервативни, расистички и сексистички ставови. Но неговиот последен моден едиторијал предизвика најголеми реакции до сега.

Последниот бранител на јазикот лакота

Алберт Белата Шапка, кој беше клучната личност во подучувањето и заштитата на овој индијански јазик, почина минатата недела на 74 години.

На точак за библиотеки

Сycling for libraries (C4L) е меѓународна неформална група која обединува велосипедисти, професионални библиотекари и љубители на библиотеки. За да укажат на важноста на овие институции за развојот на општеството, тие од вчера ги јавнаа точаците, и тргнаа на пат долг 400 километри.

Фонетската азбука на Френклин

Бенџамин Френклин бил многу работи. Политичар, научник, пронаоѓач, писател. Она што е помалку познато е дека тој на Американците им понудил ревидирана азбука - нов јазик, за новата нација - која никогаш не била прифатена.

Оружје за масовна креација

Манфред Збрзезни, германско-италијански ковач кој живее во Либерија, и неговиот тим вешти занаетчии, со години собираат остатоци од оружје од долгата граѓанска војна во оваа земја. И го претвораат во скулптури.

Актерот со прекрасен зол лик

Во интервју за Гардијан, славниот актер зборува за детството, зошто сака да работи со силни режисери, и дали навистина го има најголемиот пенис во Холивуд.

„Често поставувани прашања“ како жанр

Во интересен мета-текст објавен во новиот Њујоркер, преку одговори на често поставувани прашања, се прави обид да се дефинира - што се побогу тоа „често поставувани прашања"?

Oва е вода!

Антологиски говор кој вреди да се прочита затоа што е моќен, како горчлива, но нужно потребна вистина. 

ОВОЈ НАСЛОВ Е НАПИШАН СО МАЛИ БУКВИ

Во пресрет на 28. јуни, меѓународниот ден на CAPS LOCK, следнава информација: неодамна Американската морнарица издаде директива со парадоксална содржина: "ОД ДЕНЕС Е ДОЗВОЛЕНА УПОТРЕБАТА И НА МАЛИ БУКВИ ВО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПОРАКИ". 

До идните генерации

An die Nachgeborenen е песна на Брехт од 1939, периодот на неговиот егзил во Данска. Прекрасно балансирајќи меѓу сентименталноста и одлучноста да се влезе во битка со неправдата, таа денес - замислената иднина за која зборува песната - сепак звучи како ништо да не се променило.

Мистеријата околу „Селинџер"

Џ. Д. Селинџер, авторот на „Ловец во р'жта", бил мистерија самиот по себе. Бегал од слава, се криел од фотографи и не давал интервјуа, а најверојатно напишал и повеќе отколку што е официјално познато. Еден нов документарец се обидува да го расветли неговиот живот, но по пат како и тој да заглавува во митот.

Кога продажбата на книги цвета заради вестите

По скандалот со собирањето податоци од страна на Националната агенција за безбедност на САД, продажбата на Орвеловата „1984" пораснала за неверојатни 10,000%. Кои се други примери на книги кои доживеале неочекувана популарност заради некаква вест во медиумите?

Зошто има толку малку кинески зборови во англискиот?

Процесот на јазично позајмување е често пати непредвидлив и тешко подложен на некаква логика. Една од таквите загатки е зошто во англискиот, во кој си нашле место зборови од други земји на Далечниот исток, нема многу кинески зборови?

Грчкиот страв од именување

Чепкајќи ги новостите околу затворањето на државната грчка телевизија ЕРТ, во Екатимерини налетавме на есеј на извесен Пантелис Букалас, кој нè привлече со насловот. „Значењето на името", и покрај очекувањата, сепак не се однесува на Македонија. Од друга страна, можеби баш на неа и се однесува.

Што би рекле Кафка и Орвел?

Коментирајќи ги најновите контроверзи околу владиното следење на интернет, Обама изјави: „Теориски може да се жалите во врска со Големиот брат и дека ова е потенцијално агресивна програма, но ако ги погледнете деталите, тогаш мислам дека го имаме вистинскиот баланс". 

Блуз туризам

Што ако си најотепаниот регион, во најсиромашната држава во САД, кој единствено може да се пофали со својата тажна, но убава музика? Нормално, правиш сè ова духовно наследство да стане атракција, и без да закотвиш античка галија во Делтата, само реновирајќи старо складиште, да им го понудиш на благодарните туристи.

Мапирање на градските мириси

Во 2011, Кејт МекЛин, дизајнер и картограф, како тогашна студентка по уметност, почнала да се занимава со сетилните аспекти на урбаното доживување. Прв проект ѝ бил „сензорната" мапа на градот во кој студирала, Единбург. Следеле мирисни мапи на уште пет градови, меѓу кои Њујорк, Амстердам и Париз.

Суровиот говор на Брн

Сте поминале неколку години напорно работејќи на вашата идна уметничка кариера, доаѓа денот кога конечно дипломирате на престижен универзитет од оваа област, и очекувате дека некој силно ќе ви ја стисне раката и ќе ви честита на постигнатиот успех. Наместо тоа Дејвид Брн ви мава шамар.

Сирената од милион долари

Девојката заради која и кај нас „Бал на вода" се гледал и по десетина пати (живописно доловено во серијалот „Уа шнајдери!") пред неколку дена почина во длабока старост. Пред нешто повеќе од една година таа одговараше на познатиот прашалник на Венити Фер. Со бистар ум и на деведесет години, Eстер Вилијамс до крајот била опседната со пливањето и базените. А богами не била ни баш скромна.

Срамот од тоа да читаш книги до пола

Има разни типови читатели на книги, и претходно сме пишувале за некои од нив, на пример за оние „сериски моногамните" кои истовремено читаат неколку книги. Но има еден особен тип, читатели „до пола".