Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Џармуш неочекувано со Златен лав во Венеција

7 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели

(фото: Epa Images)

  • Филмот на Џим Џармуш, минималистичкиот триптих за семејни приказни „Татко Мајка Сестра Брат“, неочекувано ја освои наградата „Златен лав“, и тоа пред насловите од конкуренцијата на кои се типуваше многу повеќе. „О, шит,“ рече изненадениот Џармуш кога ја прими наградата на сцена.
  • Наградата „Волпи куп“ за глума ја добија Тони Сервило за филмот на отворањето „Грација“ од Паоло Сорентино и Син Жилеј за „Сонцето изгрева за сите нас“ на Цаи Шангџун. Наградата за најдобар режисер ја доби Бени Сафди за филмот „Разорувачката машина“, кој ќе се прикаже во САД во октомври. Туниската режисерка Каутер Бен Ханија со драмата „Гласот на Хинд Раџаб“, која всушност беше фаворит, ја освои Големата награда на жирито, а филмот е и официјален кандидат на Тунис за Оскар за најдобар меѓународен филм.
  • Наградата за најдобар филм во „Оризонти“ ја доби мексиканскиот филм „По патот“ на Давид Паблос, додека за најдобар режисер беше прогласена Анупарна Рој за „Песни на заборавените дрвја“, која одржа емотивен говор во поддршка на Палестина.

Добитници:

Златен лав: „Татко Мајка Сестра Брат“ – Џим Џармуш

Сребрен лав – Голема награда на жирито: „Гласот на Хинд Раџаб“ – Каутер Бен Ханија

Сребрен лав за најдобар режисер: Бени Сафди – „Разорувачката машина“

Специјална награда на жирито: „Под облаците“ – Џанфранко Рози

Најдобро сценарио: „На дело“ – Валери Донзели и Жил Маршан

извор

Почнува „Еуродрам“ во Скопје: 60 учесници од 28 земји

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Со промоција на книгата „Зад мене белина“ од австрискиот театарски и оперски режисер Мартин Кушеј, вечерва (27.10.) во 18.30 часот во барот „Бистро“ на Театар Комедија, ќе почне работниот дел на Генералната асемблеја на „Еуродрам“ – Европската мрежа за драма и превод. Книгата на македонски јазик ја преведоа Дарко Јан Спасов и Горан Додевски, а за делото ќе зборуваат Тина Махкота, Ѓорѓи Јолевски и авторот Мартин Кушеј.
  • На настаните до 1 ноември ќе учествуваат 60 драмски автори, преведувачи, режисери, драматурзи, издавачи и театарски професионалци од 28 земји. Манифестацијата се одржува во знакот на 25-годишнината од основањето на мрежата, а програмата опфаќа сценски читања, промоции на книги, преведувачка работилница, панел-дискусии и театарски претстави.
  • Еден од значајните настани ќе биде промоцијата на „Каталог на македонски драми во избор на Еуродрам, 2001–2026“ од Иван Додовски. Изданието содржи преглед на 32 избори со 30 различни драми од 18 македонски автори. Каталогот е на англиски јазик и е наменет за преведувачи, режисери, издавачи, истражувачи и други професионалци заинтересирани за македонското драмско творештво.
  • Манифестацијата ја организира „Еуродрам“, мрежа на повеќе од 300 театарски професионалци од светот, во партнерство со Театар Комедија – Скопје, кој е главен домаќин. Јавната програма ќе се одвива на повеќе локации, меѓу кои Театар Комедија, Европска куќа – Скопје, „Лабораториум“ и книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Целата програма по денови тука

извор

Играјте „Шестерка“

24 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка. 
  • Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
  • Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
3

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

4

Не давајте лесно збор

Балканштина
5

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Разно
6

Жељко Митровиќ ќе отпушта илјада луѓе

7

По цена за околу 60 квадрати во Скопје

Видео
8

Има ли вистина после УСАИД?

Медиуми
1

Иван Ѓуриќ: заборавениот глас на една поинаква Србија

Bookbox
2

Клишеата не се толку лоши колку што ги бие глас

Bookbox
3

Расте популарноста на „слушачките барови“

Bookbox
4

Кога било „ин“ да имаш портрет со твоите дебели крави

Bookbox
5

Лудиот научник што оживеал куче, а потоа сакал истото да го прави со луѓе

Bookbox
6

Играјте „Шестерка“

7

Сина, зелена, бела - немаат сите живи суштества црвена крв

Bookbox
8

Букбокс интервју со Нина Николиќ: „Сите сме виновни и никој не е амнестиран“

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Конечно, нешто добро!

Познати книжевни пророштва

На пупку минѓуша

Како толку го огрубевме мајчиниот јазик?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy