Од 18 до 26 јуни, стотина библиотекари и љубители на библиотеки од различни краишта на светот ќе тргнат на авантура долга 400 километри, која започнува во Амстердам, а завршува во центарот на Брисел.
По пристигнувањето на целта, учесниците ќе се сретнат со членовите на Европскиот парламент и ќе им врачат проглас за важноста на народните библиотеки, под наслов „Декларација за регулирање на библиотеките на европско ниво".
Целта на прогласот е да укаже на незаменливата улога на библиотеките во општеството, како и на нејзината централна улога во образованието на младите генерации и напредокот на секоја локална заедница. Истиот е и реакција на сè позачестеното затворање на јавни библиотеки низ цела Европа, заради скратувања на буџетите за ваквите институции.
Во текот на патот учесниците ќе посетат и бројни локални, мали и големи библиотеки, и ќе се сретнат со колегите. Последниот ден е резервиран и за посета на Библиотеката на европскиот парламент.
Тука еден од главните лобисти ја објаснува целта и деталите на проектот: