„Често поставувани прашања“ како жанр

Во интересен мета-текст објавен во новиот Њујоркер, преку одговори на често поставувани прашања, се прави обид да се дефинира - што се побогу тоа „често поставувани прашања"?

ЧПП (или можеби чисто заради симетрија ППП - постојано поставувани прашања) се стандардна рубрика на голем број сајтови, чија цел е да превенираат барем дел од електронските пораки до уредништвото во врска со она што сајтот го пишува, продава или промовира. Но како самите тие да бидат доволно ефикасни и да остават минимум простор за дополнителни прашања? Еве некои од стапиците на жанрот.

П: Зошто моето прашање често отсуствува од списоците со ЧПП?

О: Според самата дефиниција, списоците со често поставувани прашања имаат амбиција да ги вклучат сите прашања кои се често поставувани. Ако не наоѓате некое прашање, најверојатната причина зошто тоа не е на списокот е тоа што тоа не е често поставувано.

П: Тешко ми е да поверувам во ова. Мислам, пред да ги консултирам ЧПП, им ги поставив моите прашања на пријателите и семејството. Нели и ова претставува често поставувано прашање?

О: „Често поставувано" значи „често поставувано од илјадници корисници" а не „често поставувано од еден корисник". Оние кои ги прават овие листи користат високо научни средства за да одредат дали прашањата се навистина - и универзално - често поставувани. Ако не можете да ги пронајдете вашите прашања, тогаш проблемот најверојатно не е во рубриката ЧПП, туку во вас.

П: Ај пак, што рековте дека ми е проблемот?

О: Да, да, вие сте.

П: На кој начин помага ова?

О: Се обидуваме да им помогнеме на сите корисници да ги разберат ограничувањата на опсегот одговори на ЧПП, особено на оние корисници кои мислат дека ако не можат да одговорат на прашање кое милиони други луѓе очигледно можат, тоа е доволен услов тоа да стане ЧПП. Ова е најверојатно ментално предизвикана личност, која кога не може да отвори врата ја обвинува вратата што не му дала инструкции.

П: Значи сега ја сум „ментално предизвикан"?

О: Ова е она што се нарекува „метафора". Ве молиме консултирајте која било листа на ЧПП во врска со граматика.

П: Зошто сте толку безобразни?

О: За тој одговор, би требало да консултирате ЧПП во врска со ЧПП во врска со ЧПП. Но вашето време може да биде подобро искористено ако едноставно кренете раце од  пребарување магичен одговор и преземете одговорност за вашето сопствено длабоко незнаење.

П: Што?!

О: Само сакаме да кажеме дека одбегнувањето одговорност за сопствената глупавост и нејзино префрлање на детално и научно составена листа на вообичаени прашања на корисници само ве прави да изгледате поглупо.

П: Престанете да ме нарекувате глупав! Што мислите, кои сте вие?

О: Ние сме ЧПП во врска со ЧПП, списоци прашања и соодветни одговори кои имаат за цел да одговорат на вообичаени прашања во врска со ЧПП.

П: Не мислев буквално. Дали ми кажувате дека не го знаев ова?

О: Да. Намерно сме отровни.

П: Боже! Има ли нешто друго што можам да направам за да добијам одговори?

О: Најверојатно ЧПП не се за вас. Во иднина можеби треба да користите поинаков извор на информации и да ги одбегнувате, или со други зборови „F. A. Q. off".

П: Дали тукушто ме опцувте?

О: Да.

П: А да се FAQ самите себе?

О: Иако и ова е чесот поставувано прашање, тешко е да се одговори. Секој сериозен одговор би вклучил комплексна нанотехнологија, како и метафизика. Во секој случај, демонстриравте неспособност да сфатите едноставни концепти. Вие сте морон, но секако, тоа веќе го знаете - затоа и го читате ова.

О: Ве мразам!

П: Извинете, ама тоа не е прашање.

17 јуни 2013 - 11:55